05:10 - 8 ноември, 2026

(Фото) Синот на Кеба ја покажа новата девојка: Се разведе по само 5 месеци, а сега шета згодна бринета низ Дубаи

Синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ, кој неодамна се разведе, сега отпатува на романтично патување со својата нова девојка, атрактивна бринета.

Двајцата позираа на луксузна јахта, со впечатлив поглед кон градот во позадина, додека вљубениот пар разменуваше насмевки и погледи полни нежност.

За време на престојот, Игор сподели снимки од прочуената фонтана пред трговскиот центар „Дубаи мол“, како и кадри од други атракции со кои се одликува овој луксузен град, покажувајќи дека целосно ужива во секој момент од патувањето.

Фото: Скриншот

Да потсетиме, пет месеци по венчавката со Софија Дациќ, Игор реши да стави крај на бракот и да се разведе по спогодба, за што прв пишуваше српскиот „Курир“. Разликата во годините, но и различниот поглед на живот биле клучните причини за разделбата.

Игор и Софија не се огласуваа многу за разводот — тој се посвети на бизнисот што го гради, додека таа продолжи со својот живот. Неколку месеци подоцна во јавноста се појавија фотографии кои покажуваат како изгледа нејзиното секојдневие по разделбата.

Како што може да се забележи, Софија ужива, а кон крајот на летото отпатувала на море за да ги искористи последните топли денови.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....