12:29 - 27 ноември, 2026

(Видео) „Уште сум твојата мала“: Северина објави емотивна посвета за нејзината мајка Ана

Хрватската пејачка Северина, повторно ја покажа својата емотивна страна и трогна илјадници свои следбеници.

На својот инстаграм-профил, таа сподели исклучително трогателен момент од неодамнешниот концерт во Загрепската арена, посветен на најважната жена во нејзиниот живот – нејзината мајка Ана.

Во краткото видео снимено од некој од публиката, мајката на Северина е во преден план, гледајќи го настапот на својата ќерка со гордост и солзи во очите, додека таа ја пее песната „Далматинка“. Додека публиката ги пее стиховите на Северина, нејзината мајка доживува лавина од емоции, а блиска личност ја теши со нежна прегратка.

Заедно со видеото, пејачката напиша едноставна, но моќна порака: „[ДО МОЈАТА МАЈКА] Јас бев твоето мало девојче… и секогаш сум“.

Обожавателите не останаа рамнодушни на оваа трогателна сцена. Коментари полни со љубов и поддршка се редеа под објавата.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....