12:50 - 7 ноември, 2026

Што правеше Џенифер Гарнер за време на свадбата на поранешниот сопруг Бен Афлек и Џенифер Лопез?

Бен Афлек, поранешниот сопруг на Џенифер Гарнер, по втор пат се ожени со Џенифер Лопез на неговиот имот во Џорџија. Џеј Ло и Афлек ја поканија Џенифер Гарнер на венчавката, но таа одби да дојде поради други обврски.

– Џенифер Гарнер работи напорно на проект во Тексас и нема да дојде на свадбената прослава, но таа целосно го поддржа доаѓањето на нејзините деца и генерално е многу позитивна за целата работа. Ништо не е поважно за Гарнер од среќата на нејзините деца Фактот дека тие се чувствуваат добредојдени и „опуштени и блиски со Џеј Ло и нејзините деца е најдоброто нешто што таа можела да го побара“, открил извор близок до актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Garner (@jennifer.garner)

Што правела Гарнер додека нејзиниот поранешен сопруг се женел?

Додека Џеј Ло и Афлек разменуваа завети, Гарнер уживаше во шопинг во Западна Вирџинија, но не и во скапи дизајнерски продавници. Според TMZ, Гарнер таа недела го посетила Sam’s Club, американски малопродажен синџир во сопственост на Валмарт, каде што купила намирници.

Актерката е видена во лежерно издание со нејзиниот татко и момче Џон Милер, а еден обожавател ја замолил да се слика, и таа прифатила. Гарнер беше одлично расположена и се фотографираше со фановите.

Нејзините деца присуствуваа на свадбата

Џенифер Гарнер и Бен Афлек имаат три деца, Вајолет (16), Серафина (13) и Семјуел (10), кои присуствуваа на свадбата на нивниот татко.

За Џенифер Лопез ова е четврти брак, додека Афлек се ожени по втор пат во животот.

 

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....