04:33 - 17 септември, 2026

ШТО ЌЕ ПРАВИ КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ЗА НОВА ГОДИНА: Ви ги откриваме традициите на кралското семејство

Секоја година, кралицата Елизабета, заедно со кралското семејство, го следи списокот на традиционални семејни настани за празничната сезона, од делење на подароци до вечерните игри за крај на годината. Овие традиции кралското семејство ги следи најмалку 33 години наназад.

Оваа година прославите ќе бидат дефинитивно различни поради пандемијата, но еве од што генерално се состојат прославите на крајот на годината што се одржуваат секоја година околу Кралската палата.

Традиционално, кралското семејство ги поминува Божиќ и Нова Година во Сандрингем Хаус, селскиот имот на кралицата, во Норфолк. Вообичаено, кралицата Елизабета отсекогаш ги поканувала сите членови на семејството во Сандрингам за заедно да ја прослават новогодишната ноќ и да останат тука сите заедно сè до 6 јануари, годишнината од смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. Кралот, всушност, починал во 1952 година токму на имотот.

На први јануари, исто како и на Божиќ, кралицата обично станува многу рано за да оди во црквата Света Марија Магдалена во Сандрингам. Потоа оди на јавање, а веднаш потоа на традиционалниот настан со фазани. Една од омилените игри на кралицата е таканаречената „среќен улов“. Играта започнува со келнер кој носи кутија полна со струготини, во која се кријат картички кои содржат предвидувања за новата година.

Кралицата Елизабета и принцот Филип, кој почина минатата година, почнале да ја практикуваат прославата на Нова година со продолжен одмор во Норфолк во 1988 година. Обично им се придружувале принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, Хари (Меган уште од првата година од бракот), принцот Вилијам , неговата сопруга Кејт Мидлтон и сите нивни сакани внуци. Оваа традиција ѝ е многу драга на кралицата, но за жал, таа овојпат ќе треба да ја дочека Новата година без покојниот Филип покрај себе.

 

Слични објави

Сања Вучиќ донесе одлука – пејачката ќе ги трга тетоважите од своето тело

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар не можеа да ја контролираат страста среде емисија – се појави шокантно видео од парот

Еспресо

(Видео) Ханка Палдум доби своја кукла, инспирирана од нејзиното впечатливо издание во Сараево

Еспресо

Едита првпат отворено за таткото на нејзината ќерка: „Само бегав, не сакав моето дете да пати“

Еспресо

Бившиот на Јована Јеремиќ прави свадба за 500 гости: Ќе пее половина естрада

Еспресо

(Фото) За секоја прослава што заслужува совршена атмосфера, Villa Diva е изборот што остава впечаток

Еспресо
Се вчитува....