11.8 C
Скопје
12:26 - 27 октомври, 2026

(ВИДЕО) НАПРАВЕТЕ САМИ: Божиќни свеќи за празничната трпеза или за подарок

Доколку сакате да ги израдувате вашите најблиски со рачно изработен подарок, наједноставно би било да направите свеќа. Свеќата можете да ја изработите во секоја боја и можете да додадете секакви декорации. Периодов актуелни се Новогодишните и Божиќните празници па така, ќе ви дадеме неколку идеи за свеќички со Божиќни мотиви.

За да изработите свеќа потребни ви се:

  • Восок за свеќа
  • Чаша/ Тегла или некој друг сад по ваша желба
  • Метален сад
  • Дрвена лажица
  • Мрсни боички
  • Фитил
  • Доколку сакате можете да додадете ароматизирано масло
  • Панделки во разни бои
  • Божиќни картички

Најпрво восокот загрејте го во металниот сад. Потребно е восокот да се стопи, а потоа додадете тенки парчиња од мрсните боички и мешајте се додека бојата се изедначи.  По желба можете да додадете ароматизирано масло.

На дното од чашата/ теглата залепете го фитилот, а потоа полијте го восокот во садот и оставете да се стврдне. Од голема помош ќе ви биде и видеото во прилог каде е објаснет целиот процес, чекор по чекор.

Слични објави

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova
Се вчитува....