16:10 - 31 март, 2026

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

хбо нетфликс

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

The Guilt – Филм на „Netflix“

Еден проблематичен полициски детектив е ставен во служба на операторот 911. Добива телефонски повик од киндапирана жена и се обидува да ја спаси. Сето тоа се случува за време на еден страшен ден на откритија – и пресметки.

Жанр: крими драма / IMDB оценка: 6.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 73%

The Chestnut Man – Серија на „Netflix“

Една млада жена е пронајдена брутално убиена на игралиште, а едната рака ѝ недостасува. На местото на страшното убиство има едно фигура на човече направено од костени. Од оваа морничава трага, двајца детективи се пуштаат во потрага по убиецот поврзан со исчезнато дете на политичар.

Жанр: трилер/мистерија  / IMDB оценка: 7.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 75%

Masha – Филм на „HBO“

13-годишната Маша расте во 90-тите години во Русија помеѓу боксерскиот ринг и улицата. Нејзините пријатели повремено убиваат и ограбуваат луѓе. Целиот град ги мрази и се плаши од нив, но за Маша тие се најдобрите луѓе на светот кои ја сакаат и штитат. Обожава џез и сонува да стане пејачка. Еден ден, Маша дознава кои се нејзините пријатели и што направиле со нејзиниот живот и семејството. Созревајќи, таа го напушта својот мал роден град за Москва, обидувајќи се да се отцепи од минатото…

Жанр: драма/трилер / IMDB оценка: 5.9 / Rotten tomatoes рејтинг: /

Clique – Серија на „HBO“

Холи оди на универзитет со нејзината најдобра пријателка од детството. Но, кога нејзината пријателка се вплеткува со една група луѓе и нејзиното однесување се менува, загрижената Холи одлучува да спроведе истрага…

Жанр: драма / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

 

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....