-0.2 C
Скопје
07:22 - 11 март, 2026

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Don’t Look Up – Филм на „Netflix“

Студентката по астрономија Кејт Дибијаски и нејзиниот професор д-р Рандал Минди мора да бидат дел од огромна медиумска турнеја за да го предупредат човештвото за комета која се движи кон планетата Земја и ќе ја уништи комплетно во рок од шест месеци. Но, се чини, никој не е вознемирен…

Жанр: комедија / IMDB оценка: 7.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 55%

Together Together – Филм на „HBO“


Млада сингл жена станува сурогат мајка за самохран, средовечен маж кој сака дете. Нивната неочекувана врска наскоро ги предизвикува нивните перцепции за поврзаноста, границите и љубовта воопшто.

Жанр: комедија / IMDB оценка: 5.5 / Rotten tomatoes рејтинг: 90%

Home for Christmas – Серија на „Netflix“

Јохана нема партнер и е уморна од постојаните коментари за статусот на нејзиниот љубовен живот. Така започнува нејзината 24-дневна потрага по момче кое ќе го донесе дома за Божик.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 7.7 / Rotten tomatoes рејтинг: /

Angela Black – Серија на „HBO“

Анџела Блек навидум има одличен живот. Таа е мажена за вреден семеен човек, има два сина и живее во прекрасното предградие на Лондон. Сепак, совршениот живот на Анџела крие ужасна вистина – таа секојдневно трпи злоставување од нејзиниот сопруг и не може да избега од неговите „канџи“. Но, одеднаш се случува пресврт кој можеби ќе ѝ помогне да ја живее својата слобода.

Жанр: драма / IMDB оценка: 6.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 64%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....