07:21 - 8 ноември, 2026

Шокантни изјави на Мајк Тајсон: „Чувствувам дека набргу ќе умрам“

Мајк Тајсон повторно ја стресе јавноста. По борбата со ајкули „за да се приближи до Бога“, исповедта за неговата желба да се соочи со горила во борба и авионската тепачка, сега 56-годишниот поранешен шампион во тешка категорија вели дека е уверен дека смртта за него „ќе дојде многу брзо“.

Тој го призна ова за време на неговиот подкаст „Хотбоксин со Мајк Тајсон“ и зборовите веднаш се проширија низ светот. АјронМајк му објасни на водителот на епизодата, д-р Шон Мекфарланд, терапевт специјализиран за проблеми со зависности и трауми, дека чувствува дека неговото време е скоро завршено:

„Кога ќе се погледнам во огледало, ги гледам тие мали точки на моето лице и си велам се додека ми се наближува рокот на траење, многу скоро.“ а потоа додаде, „сите ќе умреме еден ден, се разбира“.

АјронМајк зборуваше и за парите и проблемите што му ги предизвикуваат. Тој е мултимилионер и заработил, се проценува, околу половина милијарда долари во кариерата:

„Кога имаш многу пари, не можеш да очекуваш некој навистина да те сака. Мислите дека сте непобедливи кога имате многу пари, што не е точно. Парите не не прават имуни на болести или несреќи. Парите не можат да ве заштитат од ова“. Најмалку од смртта: „Не значи дека нема да се разболеш или нема да те удри кола. Дали парите можат да ве заштитат кога ќе скокнете од мост?“

Последен пат Тајсон се најде на насловните страници минатиот април, кога удри патник во авион кој летал од Сан Франциско за Флорида. Тајсон всушност му „врачи“ серија од пет удари по лицето на мажот кој го „малтретирал“ во авионот. Поранешниот боксер се обидел да се контролира, но на крајот ги загубил нервите и останатите патници на летот морале да интервенираат за да го спречат.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....