31.1 C
Скопје
14:41 - 20 јуни, 2026

Шерон Стоун за машките колеги: „Женомрзци се, со исклучок на двајца“ – еве кои двајца ги именува актерката

За време на едно неодамнешно интервју, Шерон Стоун откри дека во годините на нејзината долга кариера во Холивуд случајно соработувала со голем број колеги или филмски професионалци за кои подоцна се покажало дека се вистински женомрзци.

Меѓутоа, меѓу оние кои никогаш немале слични ставови, Стоун именуваше двајца колеги: Роберт де Ниро и Џо Пеши.

„Работев со некои од најголемите ѕвезди во индустријата, кои разговараа со мене за време на снимањето, кажувајќи ми што мислат дека треба да направам“, изјави Стоун за „Variety“. „Тие се толку мизогини, освен – не е Роберт де Ниро. А ниту Џо Пеши. Не станува збор за нив“, вели Стоун објаснувајќи дека најголем дел од голеите филмски ѕвезди не сакаат жени, не ги почитуваат и затоа си земаат за право да диктираат и „советуваат“ како тие би направиле да се на нејзино место, односно дека се попаметни од билокоја жена.

Актерката продолжи: „Никогаш не ме слушаа и не ми дозволуваа да влијаам на нивната изведба со мое мислење. Мислам, разбирам дека се одлични и дека сите мислат дека се прекрасни, но, ако барем малку се трудеа да ме слушнат и да бидат поприсутни, ќе беше хумано од нивна страна“.

Стоун, која зборуваше за контроверзната сцена на полициското испрашување во филмот „Основен инстинт“ и наводните тензии на снимањето со Мајкл Даглас, додаде:

„Јас не сум најпопуларната актерка, и луѓето не сакаат да ги слушнат моите мислења. Можеби тоа се должи на мојата посветеност, а можеби затоа што сум само малку чудна. Но, јас го правам тоа само за да бидам таму, присутна во моментот“.

Актерката од „Казино“ неодамна се појавија „во живо“ во емисијата Saturday Night Live заедно со музичарот Сем Смит. Во интервјуто таа истакна дека често ја сметаат за нетипична актерка во Холивуд, со оглед на нејзините претходни улоги во еротски трилери.

„Не ме викаат да играм други улоги – ме викаат да се соблечам и да ги играм овие луди, социопатски ликови затоа што сум одиграла еден (Основен инстикт) кој не им излегува од глава“, рече Стоун. „Не ме викаат да играм внимателни и чувствителни ликови. Јас сум и сликарка – со две самостојни изложби – и текстописец, имав три број еден песни но во други земји. Но, тие никогаш нема да го извадат ликот од „Основен инстинкт“од главата“, заклучи Стоун.

Слични објави

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Еспресо

Вака Анастасија Ражнатовиќ ослабе 20 килограми — една работа е клучна, а сега ја откри тајната на својот совршен летен оброк

E.A.

„Можеби се задолжуваат и земаат кредити за да снимат песна“ – Индира Радиќ проговори за естрадата, колегите, снаата Русинка и бракот

E.A.

Дали некогаш сте пробале праски на скара или во салата? Oвие комбинации пријатно ќе ве изненадат

Т.Ц.

Имате проблем да ја исчистите туш-кабината? Пробајте го овој едноставен совет

Т.Ц.

„Мојот маж, моето сè“ — Маја Николиќ го покажа партнерот

E.A.
Се вчитува....