8.8 C
Скопје
17:04 - 18 февруари, 2026

Шакира отворено за животот со Пике и по него: „Не сум во клубот на среќните, сè уште истерувам демони…“

Пејачката Шакира, која се раздели од фудбалерот Жерар Пике во јуни 2022 година, искрено зборуваше за крајот на нивната 11-годишна врска во ексклузивното интервју за „Билборд“. Интервјуто е објавено на 21 септември.

„Мојот приоритет беа мојот дом, моето семејство. Верував во – „додека смртта не не раздели“. Верував во тој сон и сонував за себе и за моите деца“, изјави таа за „Билбрд“. Шакира и Пике имаат два сина: Милан (10) и Саша (8).

Колумбиската хитмејкерка додаде дека верува во вечна љубов каква што е љубовта на нејзините родители, кои се заедно 50 години.

„Тие се сакаат како на првиот ден, имаат љубов која е единствена и неповторлива“, објасни Шакира. „Значи, знам дека е можно“.

„Мајка ми не го остава мојот болен татко. Тие се уште се бакнуваат. Тие отсекогаш биле мојот пример”, додава Колумбијката. „Ова е она што го сакав за себе и за моите деца, но тоа не се случи“.

Размислувајќи за нејзината поранешна романса со Пике, 46-годишната пејачка призна дека морала да ја стави својата музичка кариера на втор план додека живеела со поранешниот професионален спортист во Шпанија.

„Му бев целосно посветена. И на семејството и на него. Ми беше многу тешко да ја продолжам професионалната кариера во Барселона“, рече Шакира.

„Не можев да ги оставам децата и само да заминам некаде за да пејам и да правам музика, беше тешко да се задржи ритамот”, нагласи таа.

За нејзините чувства што ги доживува сега, таа одговара: „Сè уште размислувам“.

„Сè уште истерувам некои демони. Тоа е последното нешто што ми остана“, вели Шакира со срдечна насмевка.

На прашањето на новинарот дали е среќна сега, Шакира одговата: „Тоа е многу кратко прашање, но бара многу долг одговор. Мислам дека не секој има пристап до среќата. Среќата е резервирана за одбран круг на луѓе, а јас не можам кажи дека сум дел од клубот, барем не во моментов. Има моменти на среќа, моменти на размислување. Има моменти на носталгија, а мојата музика сега се храни токму од овој коктел.”

Откако се врати во Мајами во мај, пејачката е постојано во студио и снима нов албум, а како што вели, планира турнеја во 2024 година.

Слични објави

(Фото) Романтично дежа ву: Парис Хилтон повторно запросена од сопругот, овојпат пред нивните деца на плажа во Туркс и Кајкос

Еспресо

Конфликт на „Пинкови ѕвезди“: Бојана Лазиќ го прекина шоуто по остриот настап на Десингерица

Еспресо

Познатиот српски јутјубер уапсен по несреќата: Пијан предизвикал судир! Се огласи неговиот адвокат

Еспресо

(Фото) Жените полудуваа по него, а сега има 170 килограми: Дали се сеќавате на Ервин од „Големиот брат“?

Еспресо

Откако брутално го претепаа син ѝ, Снежана Ѓуришиќ го откажа учеството на концертот посветен на Шабан Шаулиќ

Еспресо

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо
Се вчитува....