11.8 C
Скопје
19:43 - 3 април, 2026

Шакира ќе избегне затвор за даночна измама: Еве каков договор е постигнат со Судот

Колумбиската пејачка Шакира ќе избегне судење за даночна измама. Ова го објави Ројтерс повикувајќи се на Судот во Барселона.

Како дел од договорот со Судот и за да избегне затворска казна, таа ќе мора да плати казна од 7,3 милиони евра.

Пејачката беше обвинета за избегнување плаќање данок во шпанската даночна каса во износ од 14,5 милиони евра во периодот од 2012 до 2014 година.

Летото 2022 година, шпанското обвинителство побара да се осуди Шакира на осум години и два месеци затвор, а исто така да наплати парична казна од 23 милиони евра од пејачката за неплаќање данок. Од друга страна пак, Шакира инсистираше на тоа дека нема неподмирени долгови кон шпанските власти.

Пејачката тврдеше дека не била даночен жител во Шпанија меѓу 2012 и 2014 година. Според неа, таа добила статус на даночен резидент дури во 2015 година. Шакира инсистираше на тоа дека шпанските обвинители започнале кампања за клевета против неа и го прекршиле нејзиното право на приватност.

Шакира за раскинувањето со Пике и обвинувањето за даночна измама: „Се сметав себеси за многу покревка“

 

Слични објави

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо
Се вчитува....