18:47 - 7 ноември, 2026

Шакира едвај чека да се пресели во Мајами: „Таму ја чека новиот љубовник“, известуаат шпанските медиуми

Шакира ги одбројува деновите додека да започне нов живот далеку од Барселона, бидејќи планира да се пресели во Мајами во средината на април, кога нејзините деца ќе го започнат училишниот распуст.

Сепак, постојаните патувања на пејачката кои ги прави во меѓувреме, надвор од Барселона, предизвикаа гласини за наводна романса со маж кој живее во американски град, известуваат неколку шпанските медиуми, како Socialite и OKDiario.

Шакира наводно нашла нов љубовник, маж кој го запознала во Мајами и со кој се забавува четири месеци, што би значело – има тајна романса која сега ја здогледува светлината на денот.

Гласините стануваат се посилни овие денови, иако единствената информација што се знае за овој човек е дека живее во САД и дека се гледаат во последните четири месеци.

Континуираните патувања на Колумбиецот во Мајами би можеле да имаат повеќе смисла со почнувањето на оваа романса.

Иако речиси и да нема очекувања дека некогаш би можело да се случи помирување со Пике, со оглед на високопрофилната природа на нивното раскинување, доколку се потврди оваа нова романтична врска на Шакира, тоа би значело дефинитивен крај на нејзината љубовна приказна со шпанскиот фудбалер, таткото на нејзините две деца.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....