22:32 - 29 ноември, 2026

„Семејството ми рече дека сум преубава “: Бресквица шокираше со изјава по бурните коментари за изгледот

Пејачката Анѓела Игњатовиќ – Бресквица откри дека ќе ја дочека Новата година работно, но тоа не ѝ претставува проблем затоа што нејзините најблиски секогаш се покрај неа.

Како што истакна Бресквица, семејството е гордо на неа и не ѝ замерува за провокативните комбинации на облека, а дури ѝ дале поддршка кога неодамна на настап носела подвезици.

„Мојето семејство доаѓа на настапите. Дечкото е секогаш со мене, така што тоа не ми претставува проблем. Можеби на некои постари колеги им е досадно, но јас сè уште се забавувам со тоа“, изјави пејачката, додавајќи:

„Многу ги сакам празниците, но не можам да ја украсам куќата онака како што сакам, бидејќи имам многу животни. Сакам да правам новогодишни колачи, тоа ми е убаво. Кога ќе отпатуваме за празниците, има луѓе кои се грижат за нив“.

Родителите и дечкото неодамна биле и на нејзиниот настап за кој се зборуваше денови.

„Рекоа дека сум преубава. Искрено, преку ден се чувствувам подобро кога сум опуштено облечена, можам да носам и едното и другото. Секогаш сакав да експериментирам“, изјави Бресквица.

Пејачката не сакаше да зборува за колешките кои ја разочарале, но не штедеше пофалби за оние кои ја восхитиле:

„Сека Алексиќ, Стоја, Дара… Тие ме воодушевуваат, преубави личности. Има и колеги кои вртат глава кога ќе ме видат, но за нив не би зборувала.“

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....