19.8 C
Скопје
23:42 - 16 август, 2026

Петар Грашо олсабе 13 килограми: „Звучи напорно, но не е“

Instagram

Петар Грашо ја изненади јавноста кога се појави видно ослабен и во најдобра форма во последните години. Пејачот сериозно се посветил линијата да ја доведе до совршенство и досега успеал да симне дури 13 килограми.

Иако има многу настапи и постојано е „во лет“, Грашо открива дека токму тоа не било клучот за слабеењето. Тајната била во враќањето на здравите навики, физичката активност и редефинирањето на исхраната.

„Најважно беше што се вратив на нешто што навистина го сакам — тренингот. Спортот, малку тегови, малку вежби што ме радуваат. Вежбам 3-4-5 пати неделно, како кога имам време, но сега тоа прерасна во една мала зависност. Почнуваш да се заљубуваш во тој концепт, да се чувствуваш добро во своето тело“, изјавил тој.

Промени во исхраната

Покрај редовниот тренинг, Грашо направил големи промени и во начинот на исхрана. Ги исфрлил лебот и тестенините, а се водел и по пресметка на калории.

„Основната приказна е — троши повеќе отколку што внесуваш. Имав калкулатор за калории. Звучи напорно, но воопшто не е. Ги редуцирав некои работи. Влегов во ритам на исхрана кој сега ми е стил на живот. Некои работи се едноставно забранети. Во еден момент од животот мораш да се поздравиш со одредени намирници — не засекогаш, но … Кога си млад, пица може секој ден. Сега — еднаш месечно. Затоа има месо, зеленчук и црвено вино, од кое никогаш нема да се откажам. Тоа е четвртата работа без која не можам“, открива Грашо.

Што велат неговите соседи?

Во центарот на Сплит, каде што Грашо живее со Хана Хуљиќ и нивните две деца, соседите имаат само пофални зборови — и голема грижа за неговото темпо.

„Постојано некаде трча, брза. Живее во куфери, но секогаш има насмевка. Јас би му советувала малку да забави — здравјето ќе му страда од таков живот, не е ни тој повеќе во цутот на младоста. А таа неговата жена, сите зборуваат дека е многу помлада, ама таа е толку зрела и прекрасна мајка. Само да ја видите со децата — игра, пее, музика се слуша … Таа се грижи за сè и воопшто не е разгалена“, раскажува соседка која го познава Грашо со години.

Слични објави

(Видео) Влада од „Магла бенд“ проговори за најголемата траума од детството

E.A.

(Фото) Сопругата на Тарик Филиповиќ во тиркизен костим за капење изгледа како милион долари

Еспресо

Миа Беговиќ со емотивна објава се присети на сестра ѝ Ена на годишнината од смртта: Ужасот од сознанието дека одекот на една душа засекогаш е тука, но не можеш да ја прегрнеш

Т.Ц.

Неделен хороскоп без разубавување: Кој ќе добие порака од минатото, кој ќе троши пари без план, а кој конечно ќе каже „доста е“?

Еспресо

Азис вгради силикон во градите, па се соблече на плажа — сите погледни беа вперени во него

E.A.

Хасан Дудиќ се бори со тешки здравствени проблеми — пејачот го напушти Белград и прима силни инјекции

E.A.
Се вчитува....