12.8 C
Скопје
23:46 - 28 април, 2024

Селска идила: Американка во Долно Соње

Дајана Нешовска 33 години живее во Чикаго. Во 2008 година сосема случајно дошла во скопското село Долно Соње и оттогаш трае таа љубов на прв поглед. Наутро се бања во базенот со солена вода, а потоа појадува соњски домати во комбинација со пиперчиња, домашно козјо сиренце, пие домашно млекце и мези соњски печени компирчиња. Од мај до октомври американската бизнисменка се претвора во соњска фраерка.

Дајана Нешовска до трета година средно учела во гимназијата „Јосип Броз-Тито“, по што добила стипендија за Америка. Таму ја завршила четвртата гимназиска година, па се вратила во Македонија. По студирањето на Филолошкиот факултет се вработила, но сонот за Америка останал во срцето. Немирниот дух ја вратил „преку барата“ и од 1989 година е во Чикаго каде што формирала семејство и се зафатила со сериозни бизниси.

„Јас и мојот сопруг имаме зграда со десетина станови што ги изнајмуваме. Покрај тоа менаџирам неколку италијански и германски ресторани. Нашето секојдневие е пеколно, работиме по десетина часови, но бизнисот го доживувам како креација и комплетно се посветувам на работата“.
По цели дваесет години, поточно во 2008 година Дајана дошла во Скопје и тогаш ѝ се случила љубов на прв поглед…

ДОЛНОСОЊСКА РОМАНСА

„Во 2008 година бев на гости во селото Долно Соње. Отидов кај пријателите и се воодушевив од селото, од чистиот воздух и природата. Потоа се видов со брат ми, сестра ми и внуците и во консултација со нив решив да купам плац и да изградам куќа. Мојата идеа ја прифати и сопругот во Америка, па работата тргна. Плацот од 1.300 квадрати го заградивме и се фрливме на работа – направивме куќа од 600 квадрати и на секој кат има по две спални и две бањи, што за мене беше многу важно бидејќи растев во стан од 54 квадрати со еден тоалет, а бевме деветмина души и се чекаше ред за веце“, се потсетува Нешовска.

Во ова мало долносоњско рајче има бар, фурна, скари, фонтана, чардачиња за седење, сауна, вежбална и се разбира базен. Она што му дава посебен шмек е солената вода, па чувството кога се капете е како да сте на море. Токму затоа Дајана не оди по Грции, Палми де Мајорки и Азурни Брегови туку секое лето си се пржи на соњското сонце насладувајќи се со плодовите од ова поднебје.

„Се капам од сабајле, а потоа појадувам соњски домати во комбинација со пиперчиња, домашно козјо сиренце, пијам домашно млекце и мезам соњски печени компирчиња“.

Кај Дајана е општа веселба. Секој ден на гости ѝ доаѓаат пријатели, соученици, роднини. Се мези, пее и се дружи до доцна во ноќта, а сето тоа е проследено со тивок американски џез. Од време на време, Нешовска го изнајмува просторот на луѓе што слават родендени, свадби, а тука се прават ергенски и момински вечери.

„Кога сум во Чикаго, времето ми е концентрирано на работа, а во Соње од мај до октомври дишам слободно и му се радувам на животот. Ќе бидам кратка – мојата старост ќе биде тука“, вели оваа опасна американско-соњска фраерка.

НОВИ ПЛАНОВИ

Дајана не запира, купила плац на Тиквешко Езеро и на тие 3.500 квадрати планира да направи голема куќа, базени, летниковци и објекти за забава.

„Сакам да го заживеам езерото, да му дадам нов шмек и нова содржина. Јас сум жена од акција и со помош на моите роднини знам дека ќе успеам во таа благородна идеја.“

Позборувавме и за тоа како Нешовска ја доживува Македонија.

„Народов е депресивен, несигурен, финансиски е отепан, овде за да работиш бизнис, мора да бидеш определен за некоја политичка партија, што во Америка не е случај, таму политиката и бизнисот не се мешаат. Забележувам дека каде и да одам низ државава, пред продавница мажите си пијат пивце и уживкаат, а дворовите во многу села се несредени, диви и валкани. Некој ќе каже дека е до парите, ама според мене тоа не е вистинската причина, едноставно овде нема дисциплина и педантност“.

На крај ја прашавме и околу искуството со мајсторите бидејќи да направиш олку многу објекти треба да имаш контакт со многу мајстори.

„Прво тешко е да најдеш добри мајстори, а откога ќе ги најдеш, работата се одолговлекува и се оди многу бавно. Ќе ви раскажам уште една случка – кога го купував плацот, газдата ми рече дека чини 26.000 евра, ама откога слушна дека сум од Америка, веднаш ми зголеми на 28.000 евра“.

И тука се простивме од Дајана Нешовска, која нè испрати со зборовите: „Долно Соње е прекрасно, овде би го инвестирала и последниот цент затоа што соседите, природата, чистината на крајот ме воодушевуваат. Скопје ми е на десетина километри, но што би барала таму кога овде ми е рајот?“

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....