4.8 C
Скопје
15:49 - 17 декември, 2025

(Фото) Се урна цел свет: Мисицата и манекенка неутешна по загубата на драга личност

Убавата манекенка и мисица е неутешна по загубата на најблиската личност, а на социјалните мрежи, таа објави многу емотивна приказна на важен ден.
Станува збор за Емилија Розман која беше Мис на Македонија за 2015 година, а која напиша посвета за татко ѝ кој почина во 2017 година.
– Ај да се сликаме, ама не ме имитирај…
– Ок, ќе замислувам само дека ти возиш, а јас сликам…
– Татооооо бееее…
19.10.2017 – денот кога ти почина без да умреш, а јас умрев без да починам. Си тече време, си поминуваат години. Си тече, ко да не му е гајле, ко да не застана сè тој ден… Ко да не се урна цел свет.
Ко да не продолжив да животарам, пробувајќи да градам нов свет од урнатини. А каков е тој свет во кој те нема тебе? Кое е тоа секојдневие во кое те нема тебе, сите наши песни, приказни, патувања, шали и мрчења?
Ми велат – среќна си што си имала таков прекрасен татко, барем имаш безброј спомени. Да, тато, најсреќна сум што те имав, ама се живее ли од спомени? Не се живее, ама се преживува.
Истo како што ме лажеа дека времето лечи сè – напротив, боли сè повеќе и повеќе, затоа што не си до нас и во добро и во зло. Имаш среќа што ме остави во добри раце, па заедно со мама и бато изградивме свет во кој те нема физички, ама си присутен во секој миг.
Го негуваме твојот спомен, но не можеме а да не се прашуваме секојдневно колку сè ќе беше поинаку доколку беше до нас… Не можеме да ти опишеме колку ни недостигаш.
На крајот на денот, времето само нè научи да живееме со тоа дека физички те нема, но вечно ќе си тука со нас. А до следното видување, имаш сега друштво за журки горе… ТЕ САКА БЕСКРАЈНО, ТВОЈОТ ШАТРАК“, напиша Емилија Розман.

Фото/ Фејсбук

Слични објави

„Подготвена за Божиќ“: Бресквица покажа дека е вистинска домаќинка, еве како се снаоѓа во кујна

Еспресо

(Фото) Новогодишна бајка: Тамара Тодевска му направи магична роденденска прослава на синот!

Еспресо

Три месеци по породувањето: Александра Пријовиќ откри како ќе се справи со првото одвојување од ќеркичката Арија

Еспресо

(Видео) Голема неправда за Игор Џамбазов во еден многу тажен момент

msp-admin

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Еспресо

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки со посебен повод

msp-admin
Се вчитува....