11.8 C
Скопје
13:40 - 21 април, 2026

Ана Николиќ го нападнала Рале со нож поради Карлеуша: Ѝ пратил порака…

Никола Грба, поранешен телохранител на Ана Николиќ, откри дека до еден драматичен инцидент меѓу пејачката и композиторот Горан Ратковиќ Рале дошло поради порака која тој ѝ ја испратил на Јелена Карлеуша.

Тој тврди дека Ана долги години имала долгови кон опасни луѓе, но дека во овој случај се обидела да го прободе својот партнер со нож.

„Беше околу два часот наутро во еден хотел во Белград на вода. Најпрво се договорија да седнат и да поразговараат, да ја решат ситуацијата, а јас бев со нив. Седнаа и ништо не навестуваше дека ќе тргне на лошо, но таа го зема телефонот на Рале и ги виде пораките со Јелена Карлеуша“, раскажува Грба за „Курир“.

Според него, Рале и тој претходно ѝ испратиле порака на Карлеуша пред да се сретнат со Николиќ.

„Тоа беше во еден локал пред да се најдеме со Ана. Рале го вклучи телефонот и сними гласовна порака, во која јас реков: ‘Еве, Јелена, поздрав од еден Црногорец’. Тоа беше целата комуникација со Јелена. Таа ја виде пораката и рече: ‘А се допишуваш со Јелената Карлеуша, сега ќе ти е**м мајката’. Стана, го зема ножот и вилушката и се обиде да го прободе во вратот“, раскажува поранешниот телохранител.

„Јас скокнав и го спасив Рале, ја фатив за рака и ја оддалечив од него. Тоа ја изнервира. Ми рече: ‘Мрш за Црна Гора! Јас те плаќам, него треба да го претепаш’. Се разбира, таа го фрли телефонот на Рале и го скрши. Дојде рецепционерот и ѝ рече да се смири заради останатите гости, дека ќе повика полиција и дека треба да го напуштиме хотелот“, додава Грба.

 

Слични објави

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо

Николина Пишек за првпат проговори за неморалните понуди од професор на факултет: „Се плашев и чувствував дека немам поддршка“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Илиевски јавно му изјави љубов

Еспресо

Мелина го „баталила“ факултетот поради Харис – модната дизајнерка била одлична студентка, а еве што студирала

Еспресо

(Фото) Ќерката на Велевска стана полнолетна: Софија е убава на мама

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Јелена Розга направија шоу во Белград, целиот Балкан зборува за нивниот настап во „Сава центар“

Еспресо
Се вчитува....