08:04 - 9 ноември, 2026

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки со посебен повод

Специјално видео од синот Благоја, сподели Адријана Алачки, пејачка и водителка на емисиите „Вкусот на традицијата“ и „Везилка“ на нејзиниот инстаграм-профил.

Адријана на својот Баже му го честиташе роденденот со уникатно видео од него како свири гитара. Тој е инаку музичар кој е доста ангажиран.

Во април во 2024, Благоја Алачки и Лина станаа родители на Јован. Адријана и нејзиниот поранешен сопруг, Горан Алачки се инаку баба и дедо и на Јана од ќерката Грациела и зетот Игор Димовски, која има 10 години.

Емотивен статус на синот за роденденот, му посвети и татко му, познатиот музичар Горан Алачки: „Нека е убав денот ,.. 31 година … Патувај низ животот со мислата Татко…. Среќен роденден сине мој…“, напиша Горан Алачки.

-Синко, кога беше мал едноставно беше да ги искажам желбите за тебе и да ги остварам. Но, на возраста на која си сега, желбите од мајката се непроменливи, но сѐ е во твоите раце за нивната реализација. Одговорно и храбро пред себе, само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Сѐ зависи од тебе. Биди ми жив и здрав – беше честитката на Адријана Алачки за роденденот на синот во 2018.

 

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....