15.8 C
Скопје
20:59 - 26 септември, 2026

(Фото) Лепа Брена го прослави 65-тиот роденден без шминка со интересна торта: „Ви благодарам на сите“

Музичката легенда Лепа Брена вчера го прослави 65-тиот роденден, а својот посебен ден го обележа со своето семејство во луксузна вила во Белград на Бежанијска коса. Дел од славеничката атмосфера таа сподели и со своите обожаватели на Инстаграм, каде што објави фотографија покрај тортата украсена со нејзиниот лик и диско топки – детаљ што воодушеви многу нејзини следбеници.

Заедно со фотографијата, Брена им се заблагодари на сите што ѝ испратија честитки за роденденот и убави пораки.

„Драги пријатели, ви благодарам на сите за најубавите желби за роденденот. Вашите пораки, честитки и убави зборови ми го разубавија денот и го направија особено среќен. Неизмерно го ценам вашето внимание, љубов и времето што го одвоивте да ми упатите убави желби. Ви благодарам што сте дел од мојот живот и што го направивте овој роденден незаборавен. Ве сака вашата Брена“, напиша пејачката.

Во интервјуто за српски „Курир“, Брена откри како гледа на својот живот и кариера денес откако го продаде својот удел во „Гранд продукција“, една од најпознатите компании за музичка продукција во регионот, во која беше сосопствени со својот сопруг Боба Живојиновиќ.

– Бидејќи го немаме „Гранд“, свртев нова страница и решив да го живеам својот живот, повеќе не следам што се случува на сцената или во светот на шоу-бизнисот, бидејќи тоа повеќе не е моја работа или моја обврска. Веќе не гледам ништо. Имам лаптоп и на него гледам серии, документарци за луѓе и низ што поминале – познати актери, пејачи и спортисти. Приказните за сите тие успешни луѓе кои доживеале психички крах и како се справуваат со славата, успехот и парите се многу интересни – искрено признала таа.

Слични објави

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Сузана Јовановиќ одби да зборува за односот со Лепа Брена: „Навистина не сакам, нема потреба“

Е.А.

Хана Хуљиќ конечно откри како се заљубиле со Петар Грашо: „Во тој момент и двајцата…“

Еспресо

„Тој е во сериозни финансиски проблеми“: Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ја продал вилата во Опатија, испливаа детали

Еспресо

Еве како изгледа ќерката на Тома Здравковиќ од првиот брак

E.A.

(Фото) Владо Георгиев објави емотивна фотографија со својот татко: Му го честиташе за 87. роденден и му упати трогателни зборови

Еспресо
Се вчитува....