19:53 - 7 ноември, 2026

„Швалерајот“ ги раздели моите, со татко ми бев скарана и по две години го видов мртов: Исповед на Ивана Кнез

Не зборувала со татко ѝ пред неговата смрт, а причината за разводот со мајка ѝ биле други жени. На оваа тема, модната дизајнерка Ивана Кнез се отвори во подкастот „Равенка за успех“ со Маја Поцевска.

– Јас знаев дека моите родители немаат добар брак од мои осум години. Бев свесна за тоа. И кога ќе ви кажат, сѐ заради децата и децата не гледат, јас ќе ви кажам како нечие дете, ние гледаме сѐ. Значи, детето буквало знае, прима и пие сѐ.

Е сега, како родителот ќе се износи со тоа, тоа е веќе другата страна на приказната. Дали ќе ми беше полесно ако се разведеа на мои осум години, не знам. Дали ќе ми беше потешко, не знам. Знам дека кога се случи на 24 години, дури и се случи по моја иницијатива.

Бидејќи јас бев таа што ги седна и им рече: „Јас не можам повеќе да ве гледам. Вие не сте среќни заедно“. Колку и да се искршив внатре, можеби затоа што јас знаев дека од 8 до 24 тој брак не чини. Имал свои моменти, не можам да речам не, сме биле ние компактно семејство.

Не сме имале дроги, пијанства, екстреми, не. Меѓутоа имавме, кај нас беа швалерките на тато, таа ситуација – рече Ивана Кнез.  

-Татко ми почина пред 11 години, на 15 декември. Јас не зборував со татко ми две години претходно. Ми јавуваат на телефон дека татко ми е починат додека сум на работа. Го немав видено две години, после две години јас го видов мртов на идентификација – додаде дизајнерката.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....