03:20 - 28 ноември, 2026

Се разведува Влада Вуксановиќ: По седум години љубов ставија крај на бракот

Познатиот манекен и поранешен победник во реалното шоу „Преживеан“, Влада Вуксановиќ, се разведува од сопругата Дахијана, со која има две деца, пренесуваат српските медиуми.

Иако важеа за складен пар, според пишувањата на магазинот „Хело!“, нивниот брак се соочил со сериозни проблеми. Дополнителни сомнежи дека врската е завршена предизвика и фактот што двајцата ги избришале сите заеднички фотографии од своите профили на социјалните мрежи.

Извор за магазинот тврди дека меѓу нив во моментов постојат длабоки несогласувања и проблеми кои не успеале да ги надминат. Сепак, нивни блиски пријатели не ја исклучуваат можноста во иднина повторно да се смират, доколку успеат да ги решат недоразбирањата што довеле до разделбата.

Вуксановиќ и Дахијана се заедно од 2018 година. Таа поради љубовта кон него ја напуштила родната Доминиканска Република и се преселила во Белград, каде што го формирале своето семејство. Заедно ги имаат ќерката Валентина и синот Теодор.

Да потсетиме, по победата во „Преживеан“, Влада Вуксановиќ беше во љубовна врска со пејачката Наташа Беквалац.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....