13:31 - 4 ноември, 2026

Слаѓа Делибашиќ отворено за поранешниот сопруг и Весна: „Преку глава ми е од Ѓогани!“

Пејачката и танчерка Слаѓа Делибашиќ ретко се појавува во јавноста и по разводот со Ѓоле Ѓогани живее далеку од медиумското внимание. Сепак, темата за нејзиниот поранешен брак и натаму ја следи, иако, како што вели, повеќе не сака да зборува за тоа.

Во едно интервју таа призна дека ѝ е преку глава постојано да ја поврзуваат со семејството Ѓогани.

„Без сопруг останав затоа што јас така сакав. Не жалам што го напуштив. Да жалев, немаше да го направам тоа. Преку глава ми е од Ѓогани и од тоа презиме. Толку години сме разведени, а јас во меѓувреме изградив кариера и се остварив професионално. Навистина не сакам повеќе да ме прашуваат за тоа. Немаме ништо заедничко и бесмислено е постојано да се зборува за нешто што одамна завршило“, изјавила Слаѓа.

Сепак, неодамна повторно зборуваше за Весна Ѓогани, сегашната сопруга на Ѓоле.

На прашањето каков однос имаат денес, најпрво се насмеала.

„Да бидам искрена или дипломатска?“, рекла низ смеа, а потоа додала:

„Верувајте ми, таа жена воопшто не ми пречи. Ги поканив дури и за Велигден да дојдат. Кога ќе ја видам, не чувствувам никаква тежина или непријатност. Напротив, почнувам да се смеам. Сето тоа денес ми е интересно. Таа си го оствари животниот сон и тоа е убаво.“

Слаѓа открила и дека очекувала Весна еден ден да ѝ се заблагодари.

„Очекував да ми каже: ‘Ти благодарам што си замина, ми го даде она што отсекогаш го посакував’. Тоа го направи Анабела, а можеби еден ден ќе го направи и Весна. Имаме одлична комуникација. Ништо не ме погодува. Отворена сум за дружење и разговор и немам омраза кон никого“, порача Делибашиќ во емисијата „Бункер“.

Слични објави

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.

Естетиката на Југославија во 70-тите — предмети што будат силна носталгија за минатото време

E.A.

Хороскоп за 4 ноември: Ракови, не влегувајте во конфликти со оние кои имаат нешто против вас

Еспресо
Се вчитува....