05:47 - 4 ноември, 2026

(Фото) Стојне Николова во „жешко“ издание на плажа, сите погледи се кон неа

Македонската фолк-пејачка Стојне Николова ги искористи слободните денови за бегство на грчкото крајбрежје, од каде што сподели серија фотографии со кои го одбележа почетокот на летната сезона.

На објавите што ги сподели со своите следбеници, Стојне позира покрај базен во модерно бикини во путер-жолта нијанса – една од најактуелните бои ова лето. Изгледот го надополни со широки летни панталони во ист тон, впечатливи очила за сонце и дискретен накит, создавајќи комбинација што совршено се вклопува во опуштената медитеранска атмосфера.

Во друга модна комбинација, пејачката се појавува во бел костим за капење со цветен детаљ, кој го искомбинирала со сламена плажна чанта и црвен визир. Изборот на модни парчиња уште еднаш покажува дека Стојне преферира едноставен, но внимателно осмислен летен стил.

Фотографиите, направени покрај тиркизното море и базенот, брзо привлекоа внимание на социјалните мрежи, каде што следбениците не штедеа комплименти за нејзиниот изглед и модниот избор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STOJNE NIKOLOVA (@stojne_official)

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....