05:27 - 10 ноември, 2026

(Фото) Се огласи сопругата на Андреј, по испраќањето на Панчо со емотивна порака

По смррта на Панчо од „ДНК“, се огласи сопругата на Андреј Ѓорѓиески, кој почина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март.

Натаија Ѓорѓиеска, љубовта на Андреј од „ДНК“, сподели слика од Панчо, Андреј и Тоше Проески, кој загина токму на 16 октомври во 2007, истиот ден кога Владимир Блажев-Панчо беше погребан.

И пожарот во Кочани се случи на истиот датум, на 16, седум месеци претходно. Сликата која ја сподели Наталија е од уметницата Леонтина Арт и до неа пишува:

– Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во боја.

Не ги нацртав за да ги прикажам како спомени, туку затоа што со нив ја најдов најчистата форма на живот: Во нивната тишина — Вера. Во нивните зборови — Надеж. Во нивните песни — Љубов.

Тие како симбол на вечноста на звукот, и мој начин да им кажам „благодарам“ за сè што оставија зад себе. Оставија песни што не стареат. Оставија пример како се сака вистински,
и како се живее со срце — не со слава.

Оставија чест во време кога таа е ретка. Оставија добрина што се чувствува дури и од далеку.
Оставија храброст да бидеш свој. Беа луѓе со душа поголема од сцената, со срце што не пееше само — туку даруваше.  Беа чисти, топли и вистинити.

И затоа не се забораваат. Не затоа што заминаа, туку затоа што оставија дел од себе. 16-ти – ден на раѓање, ден на збогување, ден на сеќавање. Ден кога небото ги зема уметниците, а мене, токму на овој ден, сум се родила за да чувствувам, да создавам, и да не заборавам.

Затоа, денес, јас се сеќавам, создавам и благодарам — зашто тие не се дел од минатото. Тие се вечни. Вечна им слава. (а Панчо би рекол Среќен роденден најмила Леонтина.) Ве сакам – напиша Наталија Ѓорѓиеска.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....