12:57 - 7 септември, 2026

Се колнеме во сѐ што ни е мило: Интимна приказна на Сузана Турунџиева

Една интимна приказна сподели Сузана Турунџиева на нејзиниот фејсбук-профил. Водителката и пејачка раскажа ситуација која за многумина може да биде мотивирачка.
-Зошто ви е толку важно некому да објасните дека сте во право и дека тој некој е во заблуда?! Дали тој вид на “задоволство” ќе донесе вистински мир и кому?! Зошто сме склони голем дел од нашата енергија и време да ги потрошиме објаснувајќи нешто, некому, кој нема капацитет да нѐ разбере?!
Токму затоа во такви ситуации објаснуваме, повторуваме, мавтаме со раце, па дури и се колнеме во сѐ што ни е мило, арно ама сето тоа не допира до тој другиот. Ич не му чуе…
И повторно се враќаме на прашањето: Зошто ни е важно да бидеме сфатени од секого?!
Некогаш, причината поради која ни е важно да не разберат другите е всушност нашата сопствена недоверба и неверување во изборите или постапките кои ги правиме и сакаме другите да бидат соучесници на тој пат, кој некогаш и нам самите ни е нејасен.
Затоа, разјаснете си ги себеси вашите желби, потреби и мотиви. А на другите дозволете им да ве разберат, или да не ве разберат… Бидејќи, сосема е небитно нивното “разбирање” ако вие знаете дека сте донеле исправна одлука- напиша Турунџиева.
Фото / Фејсбук принтксрин

Слични објави

(Видео) Падна бакнеж меѓу Душко и Карлеуша: Емотивно ѝ се обрати, а таа не ги сокри солзите

Еспресо

Ќерките на Горан Бреговиќ ќе наследат империја од недвижности вредна повеќе од 35 милиони евра

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Оделе во исто училиште, а не знаеле дека се брат и сестра: Марија Шерифовиќ како девојче дознала болна семејна тајна

Т.Ц.

Хороскоп за 7 септември: Мора да бидете практични и реални

Еспресо

Џина Џиновиќ се врати во Србија по луксузното крстарење: Со мајка ѝ и очувот посетила 25 острови

Еспресо
Се вчитува....