22.7 C
Скопје
22:00 - 19 јуни, 2026

Се кинат плакатите на милијардерот во Украина: „Спајс икс“ одбива да плати за услугите на Старлинк во Украина

Со слоганот „Маск повеќе не е наш пријател“ во Украина се кинат билбордите на кои се наоѓа ликот на милијардерот. Но, причина за гневот не е само откажувањето на комуникацискиот систем Старлинк, туку изјавите на Маск на социјалните мрежи.

Компанијата на милијардерот Илон Маск, „Спајс икс“ повеќе не може да плаќа за одржување на сателитски комуникациски систем Старлинк во Украина, пренесува Си-ен-ен. Според документите со кои располага телевизискиот канал, компанијата се обратила и до Пентагон со барање да ги покрие овие трошоци. Забележано е дека околу 20 илјади сателити Старлинк биле префрлени во Киев, а операциите ја чинеле компанијата 80 милиони долари. Дополнително, американскиот бизнисмен Илон Маск испратил писмо до Пентагон во септември, во кое напишал дека неговата компанија повеќе не може да продолжи да го финансира Старлинк како порано. Тој побара од Пентагон да го преземе финансирањето на услугите на сателитски систем во интерес на Киев. Претходно пак, беше објавено дека сателитскиот комуникациски систем Старлинк што го користат Вооружените сили на Украина почнал да не функционира во зоната за специјални операции.

Во меѓувреме, со слогани „Маск повеќе не е наш пријател“ во Одеса и на територијата на Незалежнаја се кинат билбордите на кои се наоѓа ликот на милијардерот. Но, причина за гневот не е само откажувањето на системот Старлинк, туку изјавите на Маск на социјалните мрежи. Да потсетиме, Маск пред десетина дена на Твитер ја објави својата идеја во врска со решавањето на украинската криза. „Повторете ги референдумите во анектираните региони под покровителство на ОН“, напиша Маск на Твитер. „Ако луѓето гласаат против, тогаш Русија си заминува. Крим е дел од Русија, како што е од 1783 година (пред грешката на Хрушчов).

Водоснабдувањето на Крим е загарантирано. Украина останува неутрална… Со висок степен на веројатност, ова на крајот ќе биде исходот. Единственото прашање е колку луѓе ќе умрат пред тоа“. Не ограничувајќи се на ова, сопственикот на „Спајс икс“ и на „Тесла“ спроведе анкета меѓу своите следбеници на Твитер, со прашањето: Дали жителите на Донбас имаат право сами да одлучуваат за својата судбина, без оглед на позицијата на Киев? Мнозинството беше за такво право. Ова предизвика бес кај граѓаните на Украина вклучувајќи ги и политичарите предводени од Зеленски. Сега одмаздата се спроведува на дело – со кинење плакати и билборди.

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо

(Фото) Вистинската елеганција никогаш не поминува незабележано – совршениот фустан ве чека во бутикот „Прагма“

Еспресо
Се вчитува....