7.8 C
Скопје
19:46 - 31 март, 2026

Сара Џесика Паркер остро одговори на лошите критики за третата сезона на „И едноставно така“

Главно лоши критики доби третата сезона на серијата „И едноставно така“, продолжението на култната серија „Сексот и градот“. И додека фановите на серијата ги преплавија социјалните мрежи со претпоставки со кого ќе заврши Кери Бредшо на крајот, таа останува сама, откако две епизоди пред крајот раскина со Ејдан Шо, нејзината голема љубов.

Во нејзиниот нов луксузен стан, Кери во свој стил, во ултра модерен фустан и на високи потпетици ја јаде питата која ја нарача за Денот на благодарноста, танцува на своите високи потпетици и делува среќно сама, со своето милениче, мачката Шу.

Со третата сезона завршува серијалот „И едноставно така“, објави претходно извршниот продуцент Мајкл Патрик Кинг. Од својот лик, Кери Бредшо се прости актерката Сара Џесика Паркер на Интаграм, велејќи дека во овие 27 години, Кери ја сакала најмногу.

Сара Џесика Паркер како Кери Бредшо со колешките Синтија Никсон која ја играше Миранда (лево), и Кристин Дејвис во улогата на Шарлот (десно) Фото: ХБО

И останатите актери во серијата се простија со емотивни објави на социјалните мрежи, Синтија Никсон која ја глуми Миранда Хобс, и Кристин  Дејвис, која ја гледавме во улогата на Шарлот.

„Кери Бредшо доминираше во мојот професионален живот 27 години. Мислам дека ја сакав повеќе од кој било друг. Знам дека и другите ја сакаа. Беа фрустрирани од неа и навиваа за неа. Таа симфонија од емоции беше најважниот придружник. Засекогаш ќе бидам благодарна“, напиша Паркер, потврдувајќи дека „ова поглавје е завршено“.

Сега, Сара Џесика Паркер, која освен што беше главна актерка беше извршен продуцент на серијата, ја прашаа што мисли за оние кои ја гледаат серијата, а ја мразат.

„Претпоставувам дека навистина не ми е гајле. А причината зошто не ми е гајле е затоа што серијата беше толку успешна, а врските што ги воспостави со публиката беа толку значајни“, изјави Сара за „Њујорк тајмс“.

Оригиналната серија „Сексот и градот“ се емитуваше на ХБО од 1998 до 2004 година, опфаќајќи шест сезони и 94 епизоди. Освои седум награди „Еми“, осум награди „Златен глобус“ и милиони обожаватели низ целиот свет. По неа следеа два филма (2008 и 2010 година), а потоа и продолжението  „И едноставно така“, кое започна во 2021 година.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....