30.8 C
Скопје
12:39 - 10 септември, 2026

Сандра Булок паузира од глумата: „Толку сум уморна, исцрпена, не можам повеќе!“

„Толку сум исцрпена, толку уморна и повеќе не можам да носам мудри одлуки“. Сандра Булок е исцрпена од работа и поради оваа причина решила да се одмори од сцената, откри глумицата за Холивуд Репортер.

Всушност, пред неколку месеци таа изјави дека сака привремено да се тргне настрана од светот на кинематографијата за да се посвети на своите две деца, Луис и Лајла, 12 и 10 години.

„Сакам да останам дома – изјави таа за Си-Би-Ес. Не правам услуга на никого кој инвестира во проект со тоа што велам дека сакам да останам дома затоа што секогаш брзам, во трката за следното нешто. Сакам само да бидам присутна и одговорна“.

Овој пат изгледа навистина уморна од одржувањето на сите обврски, Сандра Булок, а по 30 години кариера и педесетина филмови таа сака да има време за себе. Признала и дека чекорот назад за неа е личен предизвик.

„Работата отсекогаш била константна за мене – рече таа – и имав навистина среќа. Сфатив дека станува како мојата патерица. Беше како секогаш да отворам фрижидер во потрага по нешто што никогаш не било таму“.

Таа додала дека сфатила дека секогаш е незадоволна од својот успех и дека премногу работела за да изгради самодоверба. „Си реков – објасни таа – престани „тоа“ да го бараш овде бидејќи не постои. Веќе го имаш и смири ја својата душа“.

Сандра Булок не знае колку долго ќе трае оваа пауза. Во изминатите неколку месеци, актерката беше во бесен виор на турнеја на која ги промовираше нејзините последни два филма, „Изгубениот град“ и „Bullet Train“, но призна дека не е природно да ги има постојано очите на јавноста или на новинарите вез себе.

 

Слични објави

Лепа Брена откри какви автомобили има: „Еден ми е само за на пазар“

Еспресо

Мартин Вучиќ по долго време се појави во јавноста со приватна приказна

Еспресо

Експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате ако имате низок притисок

Еспресо

Порасна синот на Весна Петрушевска – се огласи Кирил по шест години живот во Америка

Еспресо

Дневен хороскоп за 10 септември: Бидете искрени во разговорот со важна личност

apostolova

Само што се врати кај татко ѝ, веќе си замина – Ѓина Џиновиќ повторно ги спакувала куферите по еден ден во Белград

Еспресо
Се вчитува....