12:04 - 7 ноември, 2026

Сале Тропико е заљубен и среќен покрај неа: „Да, во емотивна врска сум, но не можам да ја споредувам со Јована Пајиќ“

Александар Цветковиќ, попознат како Сале Тропико, вечерва се појави на концертот на Владо Георгиев и веднаш го привлече вниманието на присутните. Пејачот беше расположен, насмеан и подготвен за разговор, па со медиумите сподели и неколку детали од својот приватен живот.

Сале истакна дека дошол да ужива во музиката и атмосферата, но и призна дека моментално има причина за добро расположение.

„Дојдов вечерва да уживам, ми се укажа прилика да бидам слободен. Во емотивна врска сум“, изјави пејачот, не криејќи дека во љубовта моментално му цветаат рози.

Иако во јавноста често се зборува за неговиот однос со поранешната сопруга Јована Пајиќ, со која има деца, Сале нагласи дека не сака споредби и дека секоја врска ја доживува на посебен начин.

„Луѓето не се за споредување. Апсолутно сум романтичен и тоа никогаш не треба да излезе од мода. Џентлмен секогаш треба да биде џентлмен, научив неколку финти низ животот. Секој има своја дефиниција за романтика“, искрено изјави тој.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....