12:12 - 7 ноември, 2026

Луксузен подарок за 48. роденден: Азис се пошегува со чевлите на Ријана

Поп-фолк ѕвездата Азис го доби својот прв изненадувачки подарок за роденден од неговата блиска пријателка Галена. Пејачката го изненади со пар врвни чевли од најновата колекција на супер трендовскиот моден бренд Баленсијага.

Цената на спектакуларниот модел достигнува околу 1.500 евра, а виолетовата боја, избрана специјално за пејачот, се e вистинска реткост, ако воопшто може да се најде во бутиците.

Кралот на поп-фолкот не пропушти да се пофали со подарокот, објавувајќи видео и тагирајќи ја својата пријателка Галена.

Интересен детаљ е што луксузниот бренд е омилен и кај голем број светски познати личности како Ким Кардашијан, Дуа Липа, Ријана и Канје Вест, кои често се појавуваат со модели на брендот и на црвениот тепих и во секојдневниот живот.

Азис поседува и повеќе од еден пар. Ким Кардашијан неодамна беше забележана со потполно истиот модел. Овие патики често се гледаат кај познати личности и инфлуенсери, што ги прави симбол на луксуз и стил.

Инаку, на вчера Азис наполни 48 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Azis Online (@azis_online_new)

Низ годините,  добивал голем број незаборавни подароци , од луксузни часовници и дизајнерски накит, до егзотични патувања и уникатни сценски костими. Неговите блиски велат дека пејачот отсекогаш ги ценел неконвенционалните изненадувања, особено кога се поврзани со мода, стил и сценски настап.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....