03:37 - 8 ноември, 2026

Родителите на Пике полудени, сакаат да се селат: Сосетката Шакира деноноќно прави забави со огномети и музика „до даска“

Родителите на Жерар Пике, кои живеат во соседство со Шакира, се жалат на непрестајните забави во куќата на нивната поранешна снаа, пренесува Радар онлајн, повикувајќи се на извор.

Таткото на поранешниот дефанзивец на Барселона и Шпанија, Жоан Пике, и неговата мајка Монсерат Бернабеу сериозно размислуваат за преселба.

Родителите на фудбалерот се принудени да го сменат местото на живеење поради нивната поранешна снаа, која живее во непосредно соседство со нив.

Според Радар онлајн, Шакира постојано организира бучни забави со огномет, го врти „до даска“ својот хит напишан за поранешното момче, а толпи нејзини обожаватели се собираат дење и ноќе во близина на нејзината куќа. Тоа предизвикува голема нервоза кај нејзините поранешни свекор и свекрва.

Односите меѓу родителите на Шакира и Жерар Пике ескалираа откако пејачката стави кукла –  вештерка на нејзиниот балкон – точно наспроти прозорците на мајката на спортистот.

Минатиот јуни, Шакира и Жерар Пике раскинаа по 11 години романса и раѓање на двата сина. Причината за раскинувањето било неверството на фудбалер со студентката Клара Чиа Марти.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....