11.8 C
Скопје
10:11 - 20 октомври, 2026

Рики Мартин се соочува со 50 години затвор: тешки обвинувања, што навистина се случува?

Кралот на латинската поп музика е обвинет од неговиот 21-годишен внук, син на неговата сестра Ванеса: според порториканските закони казната може да биде многу строга, дури и 50 години затвор!

Рики Мартин е главен протагонист на летните вести, но не за неговиот најнов музички успех. Порториканскиот пејач се соочува со сериозни обвиненија кои би можеле да го чинат и до 50 години затвор. Конкретно, се зборува за семејно насилство и инцест, а обвинет е од Денис Јадиел Санчез Мартин, 21-годишниот внук на кралот на латинската поп музила, син на неговата сестра Ванеса.

Според известувањето на Денис, неговиот вујко не сакал да го прифатил крајот на тајната врска која траела седум месеци. Ѕвездата на „Livin ‘la Vida Loca“ го малтретирал со телефонски повици и во три наврати седел пред неговата куќа.

50-годишниот пејач и актер, во брак од 2017 година со сириско-шведскиот уметник Џван Јозеф, ги отфрли обвинувањата како „лаги“, но сепак доби забрана за приближување. Сега, ако обвиненијата се докажат, Рики Мартин би можел да се соочи со многу долга казна: порториканските закони се многу строги во однос на инцест, толку многу што пејачот би можел да одлежи до половина век затвор.

Веста, која го обиколи светот, со чудење беше дочекана на Твитер, каде има многу коментари од различни размери: едни го обвинуваат, а други го бранат пејачот.

Слични објави

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо
Се вчитува....