16:52 - 5 декември, 2025

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ НОВОГОДИШНИ ПУТЕР КОЛАЧИЊА: Супер празнична идеја

Мартина Трајаноска

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ БРАУНИС: Совршениот десерт кога „умирате“ по нешто чоколадно!

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи новогодишни путер колачиња.

„Доколку сте во потрага по наједноставниот рецепт за колачиња кои може да ги направите во различни форми, периодов новогодишни, со интересни шари и декорации овој рецепт е она што ви треба. Јас го правам рецептов со години и секогаш е успешен“, вели Мартина.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ РАФАЕЛО ЧИЗКЕЈК БОМБИЦИ: Вашите омилени десерти во совршен брак на вкусови

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 200 гр путер
  • 200 гр шеќер
  • 500 гр брашно

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Изматете го омекнатиот путер со јајцето и шеќерот, па додадете го брашното. Додадете ванила за вкус и оформете не многу меко тесто, но не и да ви се рони. Убаво измесете го. Доколку ви е многу меко тестото, додадете малку брашно. Исукајте тенка кора, исечете форми по желба и печете ги во загреана рерна на 200-220 С околу 7-8 минути. Декорирајте ги по желба, јас ги цртав со шеќерна глазура, вие можете и со бело или црно растопено чоколадо. Шеќерната глазура е 200 гр шеќер во прав и една белка убаво измешани и по желба додадена боја.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....