15:53 - 31 март, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ БРАУНИС: Совршениот десерт кога „умирате“ по нешто чоколадно!

браунис рецепт

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта. Денес Мартина ни направи колачи – браунис.

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ЧОКОЛАДНИ КОЛАЧИЊА ОД 3 СОСТОЈКИ: Готови за 15 минути!

Потребни состојки:

  • 1 пециво
  • 2 јајца
  • 50 гр какао
  • 100-150 гр чоколадо
  • 150 гр брашно
  • 170 гр путер
  • 250-300 гр шеќер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

Подготовка:

Измешајте ги прво сите течни состојки со шеќерот, односно изматете ги јајцата со шеќерот со маталка, па додадете го растопениот путер. Додадете ги сите суви состојки и чоколадо исечено на парчиња. Убаво измешајте ја смесата, не ја прематувајте, и префрлете ја во плехче обложено со хартија за печење. Одозгора повторно ставете чоколадо и печете го во загреана рерна на 180 С околу 20тина минути. Оставете го да се излади па послужете го.

Уживајте!

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ПОСЕН ЛИМОН КОЛАЧ: Вкусен колач за со шолја кафе или чај

Слични објави

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin
Се вчитува....