7.8 C
Скопје
06:39 - 27 април, 2024

Разговор со Елена Митревска, успешна македонска диригентка со странска адреса: Посакувам соработката со македонските колеги да биде почеста

Студиите ги завршила во Скопје, но огромната желба да биде диригент ја остварила во Европа. Денес Елена Митревска исправено стои пред најпознатите оркестри, изведувачи и филхармонии, препознатлива и по темпераментот и топлината кои, на заминување од Македонија, ги „спакувала“ во својот куфер.

Во Малме живее од 2020 година, се преселила во екот на пандемијата. Едноставно – имало отворена работна позиција, се пријавила и на аудицијата го добила местото хор мајстор во Операта во Малме. Македонската диригентка Елена Митревска зад себе има прилично дебело деловно портфолио – диригент и хор мајстор во театрите во Виена, Лион, сега и во Малме, а неодамна настапи како оперски диригент со операта „Дон Џовани“ од Моцарт во Овиедо, Шпанија. За нејзината успешност слушнавме од македонскиот оперски пејач Благој Нацоски, кој на својот профил на Фејсбук напиша: „Жалам само што нема да бидам присутен на премиерата, но иако и јас во моментов случајно настапувам во Шпанија, никако немаше да стигнам утре на моите проби навреме тука, во Тенерифе, доколку бев отишол денес во Овиедо. Со лесно братучетке и што е можно поскоро заедно да настапиме во некој театар во светот!“, нарекувајќи ја Елена „мојата гордост“. И додека тој жалеше што се разминале, ние зажаливме што досега не сме ја запознале Елена. Па, еве можност да ви ја претставиме.

Неодамна настапивте како оперски диригент со операта „Дон Џовани“ од Моцарт во Овиедо, Шпанија. Што за Вас значеше дебито на таа сцена?

– Операта во Овиедо е место каде што јас поминав четири незаборавни години како хор мајстор. Градот брои само 230.000 жители и има два одлични оркестри, сезона на опера и на зарзуела и камерни концерти. Тука научив многу. Од луѓето, од културата, од нивниот менталитет.
Имајќи ја довербата од операта, бев поканета по две години да се вратам како оперски диригент со „Дон Џовани“. Среќна сум што можам да музицирам со пејачи што имаат пеено во прочуени театри низ светот и со оркестар како што е Овиедо филхармонија. Продукција за која сум многу благодарна и која ќе остане засекогаш во моето срце како досегашен најголем успех.

Да се вратиме на почетоците, како се случи Вашиот животен професионален предизвик да биде диригирањето?

– Главните виновници за мојата желба кон музиката и диригирањето се Весна Димчевска и Запро Запров. Секогаш ќе им бидам благодарна за нивната пасија и начинот на кој ме инспирираа додека пеев прво во детскиот хор „Пиколо“, а потоа во „Развигорче“ и во Женскиот младински хор.

Зошто ја напуштивте Македонија?

– Додека студирав на Факултетот за музичка уметност во Скопје, студиите по хорско диригирање или каква било практика со ансамбл или интерпретација во студиите не постоеше. Огромната желба да бидам диригент ми помогна да го запознам мојот професор Ервин Ортнер на еден семинар во Русе, Бугарија, каде што видов како работи со нас и како музицира со својот прочуен Арнолд Шенберг хор. Од тој момент знаев дека сакам да одам во Виена и да студирам во неговата класа. Кога го положив приемниот испит на Универзитетот за музика и применета уметност во Виена, решив да студирам и оркестарско диригирање кај Урош Лајовиц и Симеон Пиронкоф.

Каква е денес соработката со македонските колеги тука, кај нас, и низ светот каде што се среќавате?

– Посакувам соработката со македонските колеги да биде почеста.

Што значи денес да се биде жена диригент во Европа?

– Каде што работам и живеам, диригентите се категоризирани на искусни и неискусни. Родот во оваа професија е минато. Многу ми е мило што во Македонија имаме диригентки во подем и што им се дава еднаква шанса за просперитет.

Колку често доаѓате во Македонија да диригирате?

– Многу ретко, за жал.

Што секогаш од нашата земја носите со себе во Вашиот уметнички израз надвор, во светот?

– Темпераментот и топлината.

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....