19.8 C
Скопје
15:31 - 26 април, 2024

РАДМИЛО АРМЕНУЛИЌ СЕ ОГЛАСИ ЗА ФИЛМОТ „ТОМА“: Силвана е претставена како лесна жена

силвана радмило арменулиќ

Филмот „Тома“ беше емитуван на телевизиските екрани на првиот ден од новата година. Тој доживеа огромна популарност кога се прикажуваше во кино салите и фасцинацијата со романтизираната биографија на пејачот само продолжи.

Еден од новите гледачи на филмот е поранешниот спортист и сопруг на Силвана Арменулиќ, Радмило кој смета дека неговата покојна сопруга Силвана Арменулиќ била претставена како лесна жена и дека настаните поврзани со нив се невистинити. Тој во интервју за „Курир“ ги споделува впечатоците од филмот.

– Ги исполнувам моите ветувања. Сега се подготвувам да излезам од дома и накратко ќе ви ги кажам моите впечатоци. Го гледав филмот и пред сè морам да кажам дека актерите играа многу добро. Сепак, видов настани кои не се случија. Како прво, Силвана никогаш не зборуваше со босански акцент. Можете да го проверите и на интернет каде што има снимка од нејзиното интервју кое таа го даде за медиумите во тоа време. Понатаму, пред нејзината врска со мене, во 1958 година, таа се забавуваше со еден аптекар од Нови Сад по име Ѓука – тврди Арменулиќ и продолжува: – Откако двајцата ја прекинаа врската, таа ме запозна во 1959 година и оттогаш бевме заедно секој ден. Не се разделивме. Се венчавме две години подоцна. Можеби Тома бил во некаква емотивна врска, но не со мојата Силвана. Исто така, никогаш не сум слушнал да пеат заедно. Се венчавме тајно затоа што тогаш не смеев да им кажам на родителите, бидејќи таа беше пејачка – откри Радмило.

СЕ ОГЛАСИ КОНКУРЕНЦИЈАТА НА СИЛВАНА АРМЕНУЛИЌ: Поради саканиот ме тепаше, гребеше, тегнеше за коса…

Тој имаше коментар и за тоа како е претставен неговиот лик во филмот.

– Само пукнав од смеење. Нема врска со мене. Се испостави дека јас сум син на Силвана. Исто така, сите се пониски од Тома, а во реалниот живот тој беше многу низок човек. Цуне и Тозовац се претставени на смешен начин. Не можам да кажам, Тома беше извонреден музичар и текстописец, но од друга страна, коцкар и алкохоличар. Се е невистинито – експлицитен е поранешниот тениски ас. Според него, најмногу му пречело тоа што Силвана била претставена како неморална жена.

– На почетокот ја покажуваат гола, во гаќички и градник, што не е во ред. Се испостави дека е лесна жена. Луѓето кои не ја познаваат можат да создадат погрешен впечаток за неа. Кога приказната со Тома беше прикажана во филмот, се роди нашата ќерка. Значи сè на сè нема врска со вистината. Мојата ќерка нема намера да го гледа филмот – вели тој.

СОПРУГАТА НА ТОМА ЗДРАВКОВИЌ ЗА СВОЈОТ НЕОСТВАРЕН СОН: Судбината имала посебен план за Гоца

Силвана загина на 10 октомври 1976 година во сообраќајна несреќа на автопатот, враќајќи се од концерт. Со неа тогаш починале и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ и виолинистот Раде Јашаревиќ.

ТОМА ЗДРАВКОВИЌ НАПИШАЛ ПЕСНА И ЗА ЕСМА: Кои се Данка, Лилјана, Бранка, Нада, циганко моја…жените на кои им ги посветил најубавите песни

(ФОТО) МИСТЕРИОЗНАТА СМРТ НА СИЛВАНА АРМЕНУЛИЌ: Без неа, немаше да постои Тома Здравковиќ

Слични објави

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо
Се вчитува....