14.8 C
Скопје
09:50 - 28 септември, 2026

ПРОСЛАВА ВО ДОМАШЕН АМБИЕНТ: Ослободете се од стресната претпразнична еуфорија и уживајте во спокојот на домот

Колку пати во животот досега едвај сте чекале да поминат новогодишните и божиќните празници?Да помине целиот стрес околу организацијата и долгото подготвување за забави со пријателите и поширокото семејство?

Фото: Unsplash

Оваа година сме повеќе од свесни колку време сме трошеле на подготовки наместо да се одмориме, да се напиеме кафе со сопругата, сопругот, родителите или едноставно да се дружите со вашите деца во скромноста на вашиот дом.

Фото: Unsplash

Дочекот на новата година може да биде идеално време да се посветите на дружбата со вашите најблиски, бидете креативни, смислете начини како да се забавувате дома. 

Претворете ја вашата дневна соба во сала за танцување, пуштете музика, вклучете ги сијаличките и уживајте. Вклучете ги сите членови на вашето семејство во подготовката на вкусните јадења. Или едноставно пополнете го времето со семејството и децата играјќи забавни игри.

Фото: Unsplash

Најдете ја речиси заборавената игра „Не лути се човече“, играјте карти или имајте „борба“ со перници. Овие игри за момент ќе ги оттргнат вашите мисли, ќе ве опуштат и ќе уживате во квалитетно поминатото време заедно.

Искористете ги овие навидум ограничените денови за да се поврзете на подлабоко ниво со луѓето кои ги сакате, не сте свесни дека на тој начин создавате среќни спомени кои ќе ги памтите до крајот на вашиот живот.

Фото: Unsplash

Организирајте караоке натпревар,  пуштете ги хитовите кои ја одбележаа годината во заминување и пејте гласно, или едноставно играјте пантомима – одлична можност да ја зачинете вечерта со смеа и забава.

Фото: Unsplash

Дружењето заедно на овој начин е секогаш подобра алтернатива отколку целото семејство со часови да седи пред телевизија, или да поминува време гледајќи во екранот на мобилниот телефон или компјутер.

Фото: Unsplash

Секако, и утрото по новогодишната ноќ можете да го искористите да гледате некој празничен филм заедно или да организирате заедничка (кратка) посета кај вашите родители, баби и дедовци или  други членови на семејството.

Слични објави

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо
Се вчитува....