11:28 - 27 ноември, 2026

Принцот Хари нема да присуствува на крунисувањето на Чарлс III: Поканет е, ама не сака да оди

Принцот Хари се уште е поканет на крунисувањето на неговиот татко Чарлс III во мај, но тој нема да оди.

Ова го известува кралскиот историчар и пријател на кралското семејство Хуго Викерс за британскиот портал Пејџ сикс.

„Хари јасно стави до знаење дека има одредени услови пред да прифати каква било покана. Секогаш е можно да се надомести ако двете страни се подготвени за тоа, но мислам дека страната на Хари нема да попушти“, рече Викерс.

Присуството на принцот Хари на крунисувањето на Чарлс III во Вестминстерската опатија на 6 мај е доведено во прашање по објавувањето на неговите провокативни мемоари „Резерва“.

„Се надевам дека Хари нема да дојде, бидејќи неговото присуство може да го одвлече вниманието од церемонијата “, објасни Хуго Викерс.

Во интервју за британски Телеграф, принцот Хари нагласи дека сака извинување од неговото семејство откако даде голем број изјави во своите мемоари.

„Знае што направи и сега знам зошто го направи тоа. Фатен е, затоа треба само да признае и да се извини“, рекол војводата од Сасекс за Телеграф.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо
Се вчитува....