14:48 - 7 ноември, 2026

Принц Хари откри застрашувачка вест: Еве зошто Меган Маркл не се враќа во Лондон

Принцот Хари ја откри застрашувачката причина зошто нема да ја донесе војвотката од Сасекс во Велика Британија.

Во новото интервју за Tabloids on Trial на каналот ITV, пoмладиот син на кралот Чарлс III рече дека е загрижен поради заканата од напад врз неговата сопруга Меган Маркл, пренесува Hello.

„Доволен е и само еден човек да го каже ова (заканата)… и не е важно дали е нож или киселина… таквите закани навистина ме мачат, тие се една од причините поради која нема да ја вратам сопругата во оваа земја“, објасни принцот Хари.

Неговите коментари доаѓаат речиси две години откако Нил Бас, помошник комесар во заминување за специјални операции на Скотланд Јард, во документарен филм на Канал 4 рече дека биле упатени „одвратни и многу реални“ закани против Меган Маркл и нејзиниот сопруг.

„Кога би виделе што е напишано и би ја забележале реториката што е на интернет… ќе се чувствувате загрозени цело време. Имавме групи кои го истражуваа ова. Луѓето беа повикани на одговорност за овие закани“, рече Бас, кој беше задолжен за кралската заштита пред војводите од Сасекс да ја напуштат Велика Британија.

Во 2020 година, Хари го пресели своето семејство во Калифорнија. Принцот и Меган живеат со нивните две деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) на луксузен имот во Монтесито.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.
Се вчитува....