02:00 - 8 ноември, 2026

Принц Хари ја откри главната причина за неговиот конфликт со кралските роднини: „Печатот сакаше да ја прикаже Дијана како параноична…“

меган маркл, принц хари

Принцот Хари ја откри главната причина за конфликтот со неговите кралски роднини во Велика Британија. За ова пишува Би-Би-Си.

Според војводата од Сасекс, инвазијата на таблоидниот печат во животот на кралското семејство, меѓусебе ги подлило и раскарало членовите.  А одлуката на Хари да ги тужи медиумите стана „главното прашање“ во неговиот конфликт со неговото семејство и предизвика „дел од разделбата“. Според синот на кралот Чарлс III, „би било убаво да го направале тоа како семејство“, односно да го поддржеле Хари во миговите кога печатот бил против него.

Прнц Хари, подоцна, сепак успеал да го убеди судот дека таблоидите незаконски собирале информации за него, а тоа го нарече „монументална победа“. Хари шпекулира дека првата жртва на таблоидниот печат била неговата покојна мајка, принцезата Дијана.

„Печатот, таблоидниот печат, навистина сакаше да ја прикаже како личност со параноја, но таа не беше параноична, таа беше апсолутно во право за тоа што и се случува“, рече сопругот на Меган Маркл.

Најмладиот син на британскиот крал стана првиот претставник на највисокото кралско семејство во последните 130 години што сведочеше на суд.

Во меѓувреме, принцот Вилијам нема трпение за својот помлад брат после неговите скандалозни мемоари и документарни серии.

Според кралскиот коментатор Мајкл Кол, престолонаследникот е „категоричен“ дека Хари нема да биде пречекан повторно во кралското семејство.

„Нема да има омекнување на непопустливиот одговор на она што тој го направи“, рече Кол.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....