22.8 C
Скопје
13:37 - 19 октомври, 2026

„Заработив 100 марки за еден месец“: Гоца Тржан откри која ѝ била првата работа, никогаш нема да погодите

Гоца Тржан отворено зборуваше за својот живот и откри која била нејзината прва работа од која научила многу.

Пејачката Гоца Тржан се прослави како член на групата „Тап 011“, чии песни се слушаат и денес, по што започна соло кариера.

Во изминатите 30 години таа заработуваше многу пари од музиката, но нејзините први работни искуста не биле особено добро платени, ниту привлечни, иако и останале во прекрасно сеќавање.

– Сакав да работам на бензинска, да мијам прозорци. Вујко ми Марко тогаш работеше во „Југопетрол“. Тоа им го кажав на моите родители, но татко ми ме праша дали ќе готвам за семејство за 100 марки за еден месец. Се согласив и ми рече дека од утре ќе бидам готвач во семејството Тржан. Спремав ручек дома, додека мама и тато работеа, а јас всушност за еден месец земав плата од 100 марки. Го имав готвачот Стево Карапанџа. Не секое јадење навистина функционираше, но тие го јадеа сето тоа. Немаше да можам да го сторам тоа ако баба Цвијета не ме научи да готвам различни јадења. Во средно продавав сладолед на Булевар. Заработив многу пари. Но, денес сето тоа е прекрасен спомен. Тешко ми е што баба ми веќе не е жива. Нејзината смрт најмногу ме погоди. Таа беше мојата крвна група. Пред четири години го загубивме кумот. Сето тоа е живот. Торба, па што ќе извадиш – се присетила Гоца

Слични објави

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.

Три работи што треба да ги правите секое утро ако имате висок холестерол — кардиолозите откриваат што помага

К.С.

Хороскоп за 19 октомври: Лавовите ќе се потпрат на својата интуиција

Еспресо
Се вчитува....