8.8 C
Скопје
18:06 - 31 март, 2026

ПОСНО ЕМ ВКУСНО: Од кујната на Теа рецепт за здрави енергетски бомбици – само 5 состојки, а готови за 5 минути!

Започнавме убава соработка со една врвна готвачка која секое јадење го претвара во магија од вкусови – Теодора Георгиевска.

Оваа извонредна мајсторка и една од највлијателните готвачки на социјалните мрежи кај нас, стои зад бројните рецепти кои ги објавува на профилот „Готвиме со Теа“ – „gotvime.so.tea“.

Денес Теа со сите вас споделува рецепт за здрави енергетски бомбици од јаткасти плодови и суво овошје кои се идеални за ужинка и одличен посен десерт.

Потребни ви се 5 состојки и готови ќе бидат за 5 минути.

Потребни состојки:
▪️100 гр. лешници
▪️100 гр. ореви
▪️100 гр. урми (свежи)
▪️100 гр. суви смокви
▪️1 лажица путер од јаткасти плодови (кикирики, лешки или бадем)
фото – Готвиме со Теа, Фејсбук

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат додека да се добие хомогена смеса.
Од оваа смеса се прават мали топчиња и по желба се декорираат со лешници или се потопуваат во стопено темно чоколадо.
Добар апетит!

Слични објави

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....