08:13 - 10 ноември, 2026

ПОСНО ЕМ ВКУСНО: Чорба од компир и таан

Велигденските пости кои траат 48 дена се голем предизвик како за верниците, така и за традиционалната македонска кујна. Традиционалното посно мени овојпат сакаме да го збогатиме со нови посни рецепти кои ќе бидат лесни за подготовка и вкусни за да уживате комплетно во постот.

Денес ви откриваме еден рецепт на една многу вкусна чорба која убаво ќе ви дојде ова попладне, ќе ве засити и ќе ви даде енергија по напорниот работен ден .

Состојки:

– 6 компири
– 3 лажици таан
– 100мл. лимон
– 30гр. свеж магдонос
– сол и бибер

Подготовка:

Излупете ги, убаво измијте ги и ставете ги да се варат во вода. Откако убаво ќе се сварат оставете ги да се изладат, а потоа ставете ги во блендер со 100мл. студена вода.

Сместата од блендерот истурете ја во водата во која се вареле компирите (со тоа можете и сами да ја одредите густината на супата, помалку или повеќе вода, погуста супа или поретка чорба)

Потоа ставете го повторно тенџерето да зоврие убаво со компирите и кога ќе се излади додадете го таанот, свежиот магдонос и зачините по вкус.

Добар апетит!

Слични објави

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо
Се вчитува....