16.8 C
Скопје
10:45 - 3 мај, 2024

СИТЕ ДЕЦА НА ПУТИН: Колку деца и од кого има Путин? Неговите жени и деца не смеат да зуцнат!

Иако сака да се покажува во јавноста со голо торзо, вклучен во спортски активности и да дава долги интервјуа, има една работа за која рускиот претседател Владимир Путин не прави компромиси, а тоа е неговиот приватен живот кој секогаш се трудел да го чува колку што е можно потајно.

Така, од неговите две официјални ќерки до многуте љубови и деца после крајот на бракот, малку или ништо не се знае. Дури и јавните излегувања на неговото семејство се многу ретки и многу добро контролирани, а да се знае што мислат за него и за војната започната во Украина е невозможно.

„Имам приватен живот во кој не дозволувам мешање. Мора да се почитува. Отсекогаш сум реагирал негативно на оние кои го ставаат својот нос во животите на другите“, предупреди Путин неколку пати, а неколкуте руски весници што се обидоа да го нурнат носот во неговиот приватен живот, беа забранети.

ЌЕРКАТА НА ПУТИН се разведува и го напушта сонот да отвори клиника за милионери: Причина? Војната и санкциите

Единствениот официјален податок од семејството на Путин кој доаѓа од Кремљ е бракот со Људмила Путин со која рускиот претседател има две возрасни ќерки, 36-годишната Марија и 35-годишната Катерина. Марија стана детски ендокринолог, таа е во брак со холандскиот бизнисмен Јорит Фасен, со кој има дете, а Путин е горд дедо.

„Многу ретко играм со него“, призна Путин своевремено во едно интервју.

Другата ќерка, акробатка и рокенрол танчерка во младоста, стана членка на Рускиот совет за развој на физичка култура и спорт. Таа беше мажена за Кирил Шамалов, син на косопственик на една од најголемите руски банки, но немаа деца.

Сопругата и официјалните ќерки кои често живееле во луксуз во странство, никогаш не се осмелиле да го критикуваат Путин и навистина никогаш не спомнале ни збор за неговата работа како политичар. Ним им се припишуваат неколку вили ширум светот, вклучително и во Франција.

Другите жени за кои се верува дека се блиски до рускиот претседател и за кои мистеријата е уште погуста, особено во однос на другите деца, уште помалку се појавуваат во јавност. Односно, се однесуваат како да се неми.

На Путин му се припишува долга врска со Светлана Кривоногих, 45-годишна поранешна чистачка, која сега е косопственичка на голема руска банка и една од најбогатите жени во земјата. Од неа тој има ќерка која сега има 18 години, но никогаш официјално не признаена од рускиот претседател.

Во 2008 година, рускиот весник „Московски кореспондент“ објави приказна во која се тврди дека Путин се заљубил во руската олимписка гимнастичарка Алина Кабаева (39). Приказна која ќе трае до неодамна кога Алина родила две близнаци кои сега имаат 7 години и се верува дека се ќерки на Путин. С

Според непотврдени информации, двајцата имале и две други деца со кои Кабаева се скрила во вила во Швајцарија по инвазијата на Украина, а во меѓувреме овие гласини поттикнаа петиција за протерување на Кабаева од Швајцарија.

Која е Светлана Кривоногих, МАЈКА на ТАЈНАТА ЌЕРКА на ПУТИН: Од чистачка до милијардерка!

Koja e АЛИНА КАБАЕВА, тајната жена на ПУТИН: Од гимнастичарка до политичарка, со „царот“ има четири деца?!

Слични објави

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо
Се вчитува....