18.8 C
Скопје
01:38 - 27 јули, 2024

Поранешниот сопруг на Елсина Хајрова го предупреди Том Круз: „Држи си го паричникот отворен, врската ќе те чини скапо!“

Рускиот олигарх Дмитриј Цветков изјави дека Елсина Хајрова потрошила 12 милиони фунти на облека и чанти за време на нивниот 11-годишен брак.

За Том Круз од неодамна се зборува дека е во љубовна роанса со Русинката со адреса во Лондон, Елсина Кајрова. Елсина е ќерка на рускиот пратеник Ринат Хајров и поранешна сопруга на рускиот олигарх Дмитриј Цветков.

Цветков реши дека треба да ја предупреди холивудската ѕвезда што го чека со неговата поранешна сопруга. Тој изјавил дека неговата сопруга била голема расипничка, пишува Дејли Мејл.

Дмитриј Цветков ја предупреди ѕвездата на „Mission: Impossible“ дека треба да биде подготвен „да си го држи паричникот ширум отворен“, бидејќи Елсина има „скап и луксузен вкус“.

Дмитриј Цветков го предупредил Круз дека тешко дека ќе му се допадне неговата нова љубов и тврди дека потрошил неверојатни 10 милиони фунти на облека за Елсина и уште 2 милиони фунти на чанти за време на нивниот бурен 11-годишен брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elsina Khayrova (@elsina_k)

Во ексклузивното интервју од неговата вила во Сари вредна 27 милиони фунти, тајкунот Цветков рече: „Без разлика дали е со Том Круз или кој било друг, треба да знаат дека таа сака убави работи и има скап и луксузен вкус. Том треба да ги држи очите и паричникот широко отворени. ”

Но, тој додаде: „Среќен сум поради неа, и ѝ посакувам се најдобро“.

Цветков (43), кој своето богатство го заработил со ископување и продажба на дијаманти, тврди дека тригодишната жестока битка за развод го чинела 150 милиони фунти.

Тој вели дека неговото богатство се намалило од 200 милиони фунти на само 50 милиони фунти додека бил со сопругата.

На Елсина Хајрова дури и била доделена од Судот целата колекција на нејзината скапа гардероба со дизајнерски етикети и чанти, кои и биле пренесени како дел од постапката за развод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elsina Khayrova (@elsina_k)

Цените на чантите во нејзината лична колекција се движеле од 5.000 до 35.000 фунти.

Цветков изјави дека со поранешната сопруга не разговарал за нејзината врска со Круз, кој воедно му е омилен актер.

„Не зборував за ова со Елсина, бидејќи претпочитаме да комуницираме преку нашите адвокати. Таа има 36 години, убава е, финансиски независна и го сака животот“, рече олигархот.

„Том Круз е мојот омилен актер, тој е еден од најдобрите што сум ги видел. Сум гледал многу негови филмови. Првпат слушнав за него кога имав 13 години, од мојот професор по англиски јазик, кој се врати од САД и ни кажа дека живее во соседството“, сподели Дмитриј.

Иронично, Цветков, кој е на листата на најбарани во Кремљ, рече дека пред само три месеци бил во преговори со холивудски продуцент заинтересиран да сними филм за неговиот живот, а тој инсистирал дека сакал само Круз него да го глуми.

“Му реков на продуцентот дека единствениот актер кој би можел да ме игра е Том Круз. Ние сме приближно иста висина и тежина, и би ми била чест ако тоа се случи. Не можев да помислам на некој кој би можел да ме игра подобро”. отколку Том. Се надевам дека еден ден ќе можам да се сретнам со него за да разговараме за овој проект“, рече Цветков, истакнувајќи дека омилен филм со Том Круз е „Очи ширум затворени“, кој го гледал околу 30 пати.

Според него, Елсина не била голем љубител на филмовите на Круз, но сега „сè се променило“.

Што се знае за „романсата“ на Елсина Кајрова и Том Круз

Нема потврда дека постои некаква врска помеѓу холивудската ѕвезда и ќерката на рускиот политичар.

Тие беа видени како заедно се забавуваат во лондонскиот Мејфер во саботата. Круз (61) и Елсина (36) поминале време заедно и според сведоците на забавата изгледале моѓне заинтересирани еден за друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elsina Khayrova (@elsina_k)

Круз и Хајрова наводно заедно го напуштиле настанот рано наутро.

Еден гостин на забавата рече: „Тие беа неразделни, очигледно беа пар. Тој изгледаше опседнат со неа“.

Ферари, Бентли, накит од Картие, слики од Реноар и Шагал: Како живее новата девојка на Том Круз, Елсина Хајрова

 

 

 

 

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....