19:51 - 27 ноември, 2026

Поранешната помошничка на Меланија Трамп: „Семејството Трамп е подло и бездушно“

Поранешнa асистентka на Меланија Трамп го обвини семејството на поранешниот американски претседател за „злобност и бездушност“, известува Пејџ сикс.

Стефани Винстон Волкоф го објави големото соопштение само неколку дена по венчавката на најмладата ќерка на поранешниот американски претседател Тифани Трамп со либанскиот милијардер Мајкл Булос. Поранешната помошничка на Меланија Трамп се огласи откако Иванка Трамп ја „отсече“ сопругата на нејзиниот брат Кимберли Гилфојл на една од нејзините свадбени фотографии.

„Ова е бездушно, гневно и поделено семејство кое не се грижи еден за друг и за сите други. Ова е менталитетот и брендот на Трамп и никој од нив не ја нарушува традицијата еден за сите и сите за еден“, изјави Волкоф за новинарите.

Малку подоцна, Иванка Трамп ја сподели целосната верзија на свадбената фотографија во нејзиниот профил на Инстаграм во „сторис“ за да покаже дека меѓу неа и Кимберли Гилфојл нема конфликтни чувства.

Свадбата на 29-годишната Тифани Трамп и 25-годишниот Мајкл Булос се одржа минатиот викенд на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Палм Бич.

 

Слични објави

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.
Се вчитува....