9.8 C
Скопје
06:13 - 4 мај, 2024

Поранешна вработена кај Цеца открива детали за семејството: „Кога Аркан ќе влезеше сите стануваа, само јас не“

Денес, 15 јануари, се навршија 24 години од убиството на Жељко Ражнатовиќ Аркан во Интерконтинентал. Убиен е со три куршуми во главата, а како и секоја година Светлана Цеца Ражнатовиќ со децата, сестрата и снаата одат на гробот на нејзиниот покоен сопруг да запалат свеќа и да ги испочитуваат сите православни обичаи.

Лидија Ќириќ во една прилика во својата голема исповед откри како е да се работи во бутик кај Цеца и Жељко Ражнатовиќ Аркан, но и зошто била ангажирана да се грижи за тогаш новородената Анастасија.

јутјуб, принтскрин

„Заѕвони телефонот на сестра ми. Таа живееше спроти хотелот Југославија и и се јави еден човек кој беше во обезбедувањето на Аркан. Цеца бараше девојка за бутик. Ја бараше една Маја, но таа не беше тука, а јас тој ден бев кај сетра ми. И таа му рече – Маја не е тука, но Лидија е тука. Не се гледав себе во тоа, што ќе правам во бутик, јас и фустани не одиме заедно. А тој и рече на сестра ми да одам во „Југославија“ и да ја контактирам Цеца. Бев во двоумење затоа што штотуку пристигнав од тренинг, како да одам на интервју за работа во тренерка. Но слушам платата е добра. 500 марки во тоа време кога сите имаа по три марки  плата“, рече Лидија.

Влегува во бутикот и вели кој ја испратил – Носам патики и тренерки од тренинг, па ако ви се допаѓам добро, ако не, ќе си одам. Цеца ме покани внатре. Беше воодушевена што моето име беше како нејзината сестра. Ми рече дека од утре ќе почнам да работам, но во машки бутик. Дури тогаш дознав дека има четири бутици. И се појавува Жељко. Таа веднаш го покани да се видиме и веднаш му рече дека дојдов од тренинг. А кога Жељко ќе слушне дека тренираш, не пушиш, не пиеш, се возбудува. Ме погледна и ми вели – добро, супер. Ми ги покажа бутиците. Од утре ќе работи од 12 до 8. Ме погледна и ме праша – „Има ли други како тебе?“ Па, му реков, нема никој како мене“, вели Лидија.

Таа истакна дека пред тоа не знаела ништо за Аркан – „Ја видов Цеца и него пред тоа на телевизија и тоа беше тоа. Чудно ми беше што сите станаа кога тој влезе, само јас седев. Потоа тие ми објаснија кој е. Аркан сфати дека имам почит кон него, но дека немам страв, а тоа им се допадна и на Аркан и на Цеца. Кога се затворија бутиците, тогаш ме замоли да дојдам да работам во неговата слаткарница „Ма како,па мене послужавникот ќе ми падне“. А потоа ме ангажираа да ја чувам Анастасија. Таа е родена 1998 година. Ја чував до бомбардирањето. По погребот не останавме во контакт“, изјави Лидија во долго интервју за „Фајтер“. .

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....