20:51 - 7 ноември, 2026

Попоски: Да се навикнеме на сè почести студови и на сè повеќе снег, еве зошто

– Изминатиот период сведоци сме на невообичаено студено време за месец април, но и на ЗНАЧИТЕЛНИ врнежи од снег, особено во соседна Србија каде во главниот град на оваа држава, Белград е соборен и Априлскиот рекорд кога се работи за снежни врнежи. Во Белград завчера беа измерени рекордни 19 см снег и тоа за април месец. На Копаоник пак наврнаа дури половина метар снег.

Кај нас во Македонија пак освен на планините, снег провејуваше и во градовите од западниот и од северозападниот дел од државава.

Токму ова е поради глобалното затоплување. Истото го топи мразот на Антарктикот, поради тоа доаѓа и до ладење на климата во Европа и на Балканскиот Полуостров. Во иднина во Европа и на Балканот снежните невремиња ќе бидат се почести, а студовите се поголеми и подолги, така е барем според последните направени анализи.

Инаку во следниот период кај нас очекуваме нови локални врнежи од дожд и снег, особено на планините, но и потпросечни температури на воздухот, што значи дека и понатаму ќе биде студено за месец април – вели метеопрогнозерот Попоски. 

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....