13:30 - 14 септември, 2026

ПОМОГНЕТЕ СИ: Овие намирници го забрзуваат метаболизмот и согоруваат маснотии

храна

Точно е дека не постои магична формула што може да ја промени способноста на телото да согорува маснотии, но со правилна исхрана, вежбање и грижа за себе можете да го забрзате метаболизмот.

Немасно месо

За прерботка на протеинот е потребно многу повеќе време отколку за варење јаглехидрати или масти. Затоа експертите препорачуваат да се јаде свежо, попосно месо како живина и риба. Истражувањата покажаа дека протеинот може да го зголеми согорувањето на калории после оброк за дури 35 проценти!

Мешунки

Гравот и мешунките се одличен извор на растителни протеини. Тие се исто така богати со растителни влакна. Телото троши многу енергија кога ги разложува влакната и протеините, а тоа го одржува метаболизмот во добра форма. Високата содржина на влакна во гравот, исто така, помага да се одржи стабилно нивото на шеќер во крвта и да се спречи желбата за шеќер во попладневните часови.

Ореви

Оревите се уште еден одличен извор на протеини и влакна. Истражувањата покажаа дека луѓето кои редовно ги јадат имаат помал ризик од отпорност на инсулин. Потребно е подолго време да се распаднат, што ги прави подобри за метаболизмот. Исто така, истражувањето откри дека оревите можат да го забрзаат метаболизмот.

Цели зрна

Целите зрна се сложени јаглехидрати. Се подразбира дека на телото му треба повеќе време да ги разложи. Истражувачите откриле дека конзумирањето интегрални житарки ја зголемува потрошувачката на енергија после оброк до 50% повеќе отколку конзумирање преработена храна. Храната со сложени јаглехидрати обично има повеќе хранливи материи, особено витамин Б. Тие играат важна улога во претворањето на храната во енергија, што е суштината на метаболичката функција. Секогаш бирајте цели зрна наместо преработени. Побарајте интегрално пченично брашно, киноа, кафеав ориз, јачмен, пченка и овес.

Пробиотичка храна

Ферментираната храна, како јогурт, кефир и кисела зелка, помагаат да се зголеми бројот на добри бактерии во цревата. Овие бактерии се во голема мера одговорни за варење на храната во цревата и олеснување на внесот на хранливи материи.

Кофеин

Кофеинот е моќен стимуланс познат дека ни помага да се разбудиме и го забрза метаболизмот. Работи со блокирање на невротрансмитерот наречен аденозин, предизвикувајќи други невротрансмитери да ослободат повеќе допамин и норепинефрин. Тоа ни помага да се чувствуваме побудни и енергични. Сепак, треба да се има предвид дека премногу кофеин може да предизвика хронична реакција на стрес.

Слични објави

Доставувач го нашол паричникот на Сергеј Трифуновиќ, па направил нешто што го воодушевило актерот

Еспресо

(Фото) Северина на 55 години во минијатурно бикини ја покажа беспрекорната фигура: На плажа ги украде сите погледи

Еспресо

(Фото) Кој би рекол дека е во петтата деценија од животот? Катерина Шехтанска плени со младешкиот изглед и витката фигура

Еспресо

Тања Савиќ ја трогна јавноста со желбата повторно да стане мајка: „Би плачела од среќа ако забременам“.

Еспресо

(Фото) „Време е да се пензионирам“: Елена Реи се повлекува од модниот свет, па покажа како ужива во последните летни денови

Еспресо

Ја паметиме како убавицата од спотот на Здравко Чолиќ — „Српската Хали Бери“ денес живее далеку од јавноста

Еспресо
Се вчитува....