17.8 C
Скопје
17:59 - 18 октомври, 2026

Поминаа 21 година од терористичкиот напад на САД – во денот на теророт беа убиени 3.000 луѓе

САД денеска ја одбележуваат дваесет и првата годишнина од терористичките напади во Њујорк, кога два киднапирани авиони се урнаа во кулите близначки на Светскиот трговски центар на 11 септември 2001 година. Церемонијата за еден од најтрауматичните настани на денешнината почна со едно минутно молчење во чест на жртвите.

Светот ужасно гледаше како во терористичките напади на 11 септември 2001 година беа убиени речиси 3.000 луѓе кога киднаперите урнаа патнички авиони во кулите близначки во Њујорк, Пентагон и во едно поле во Пенсилванија.

Американскиот претседател Џозеф Бајден положи венец во Пентагон на 21-годишнината од најголемиот терористички напад во модерната историја.

– Никогаш нема да заборавиме, никогаш нема да се предадеме, рече Бајден. – Нашата решеност да спречиме нов напад врз САД е непоколеблива, додаде тој.

Тој ќе се обрати на комеморативна церемонија во Пентагон, а првата дама Џил Бајден ќе говори на Националниот споменик на летот 93 во Шенксвил, Пенсилванија.

Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг ќе присуствуваат на комеморативна церемонија во Националниот меморијален центар 11 септември во Њујорк.

Најсмртоносниот напад во историјата на американско тло предизвика многу промени од безбедносен карактер, но и во битката против тероризмот.

Од тогаш преземени се широки воени, полициски и разузнавачки мерки за апсење и уништување на познатите терористички групи ширум светот, како и воено освојување на земји кои го поддржувале тероризмот – како Авганистан и Ирак.

 

 

Слични објави

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо
Се вчитува....